Германската сојузна влада го помогнала купувањето на еден милион батериски електрични автомобили во земјата. Во почетокот на март беше дадено милионитото одобрение на барање за субвенција, соопшти Сојузната агенција за економија и контрола на извоз.
Откако во 2016 година почна да го потпомага купувањето автомобилии со батериски електричен, приклучен хибриден погон и други видови погон со намалена или нулта емисија на СО2, Германија исплатила вкупно 8,43 милијарди евра. Вкупно се субвенционирани 1,76 милион возила со чист погон.
На еден милион батериски електрични автомобили следат уште 753.000 субвенционирани автомобили со приклучен хибриден погон. Од годинава, за нив повеќе не се предвидува субвенција во Германија. Има и незначителен број од 316 субвенционирани автомобили со погон на водород.
Купувачите на батериски електрични автомобили, од почетокот на годинава добиваат од државата по 4.500 место по 6.000 евра. Услов е автомобилот да не чини повеќе од 40.000 евра.

За поскапите автомобили со нето цена до 65.000 евра, важи субвенција во висина од 3.000 евра, додека претходно се одобруваа 5.000 евра. За 2024 година се планира натамошно скусување на субвенциите.
















