за

Во електричниот Lexus RZ и греењето на кабината работи поинаку

Чисто електричниот Lexus RZ е прв модел на марката во којшто се вградува нов систем за греење на кабината. Брзо загрева, малку троши.

Кога возачите и совозачите во студените денови ќе седнат во новиот електричен Lexus RZ, можат да бидат сигурни дека брзо ќе им се стопли душата. Јапонската премиум марка воведе нов вид греење на кабината, што не користи топол воздух.

Обично конвекциско греење, кога водухот се загрева при допир со вжештена површина, премногу е обично за новиот електричен Lexus RZ. Новата технологија на премиум марката на Toyota користи греење со инфрацрвени зраци. Во предниот дел од кабината, инфрацрвените зраци ги загреваат само цврстите предмети што им се во досег.

Тоа овозможува возачите и совозачите побрзо да почувствуваат топлина, отколку што е случај со вообичаениот начин на греење со топол воздух. Уште една придобивка е тоа што новиот систем има за 8 проценти намалена потрошувачка на енергија. Таа подобрена ефикасност се должи меѓу другото на фактот што се загрева само просторот којшто е потребно да се загрее. Клима уредот троши помалку, а секако дека тоа е посебно важно во целосно електричен автомобил, затоа што се сочувува досегот.

Оваа техничка иновација, едноставно наречена комфорно греење, во духот е на прочуената јапонска гостопримливост, на познатиот принцип на „омотенаши“. Lexus опишува дека чувството при користење на новиот систем е исто како нозете да се покријат со дебело ќебе.

Техниката се состои од два грејачи, коишто се вградени во долниот дел од арматурната табла во висина на колената и во управувачкиот столб. Кога возачот или совозачот ќе ги допрат загреаните површини, температурата автоматски се спушта на 43 степени Целзиусови.

Комфорното греење во Lexus RZ го надополнува стандардното греење на кабината. Технологијата се вградува стандардно, почнувајќи од нивото на опременост Executive нагоре. Таа е дел од системот познат како Lexus Climate Concierge: Системот за климатизација во повеќе зони автоматски ги приспособува греењето и климатизацијата на кабината, на седиштата и на воланот, за патниците на сите седишта да се чувствуваат пријатно.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Германија го субвенционираше милионитиот електричен автомобил во земјата

Mercedes-Benz ги владее сите видови возила: Citan Tourer во Мак Аутостар