Електричен Мерцедес ГЛБ во новата генерација чини исто колку дизелот во претходната

Како едно од најзвучните имиња (и) во светот на дизелите, Мерцедес сигурно нема да објави гласно дека постигнал иста цена меѓу електричниот и дизел погонот, но новиот ГЛБ непогрешливо укажува на тоа.

Возење 631 километри без запирање за починка, забрзување до темпо сто за 7,4 секунди и моќност од 272 КС, тоа се податоци за коишто малкумина ќе поверуваат дека навистина важат за електричен автомобил. И тоа, не за кој било, туку за Мерцедес ГЛБ од новата генерација. Како стои споредбата на електричниот ГЛБ со дизелскиот ГЛБ од претходната генерација?

Мерцедес во понеделникот соопшти дека има нова генерација на ГЛБ, којашто вообичаено за новата тактика, прво стартува во електричната изведба, за потоа да следат бензинците и веројатно дизелите. Новиот модел со кодна ознака Икс 248 е конструиран врз платформата ММА и втор модел е со таа техника по новиот ЦЛА.

Покрај тоа што сцената слушна дека кокпитот бил шарен и возилото разговарало со возачот и патниците, главната вест сепак е цената, иако Мерцедес сигурно нема прво да ја разгласува цената. Познати се цените за германскиот пазар и почетокот на испораките таму, стартувајќи од ГЛБ 250+ Е Ку со цена од 59.048 евра.

Разликата со најсилниот дизел во претходната генерација, со ГЛБ 220 Д со 190 КС, погон на сите тркала и исто така со ниво Прогресив, изнесува околу 1.300 евра, односно моделот што повеќе не е во понуда чинел 60.345 евра.

Електричниот ГЛБ од денес располага со максимална моќност од 272 КС и вртежен момент од 335 њутнметри, наспроти 190 КС и 400 њутнметри на дизелскиот ГЛБ од претходно. Таму работи 8-степен автоматик, тука е двостепен редуктор.

Во каросеријата, Икс 248 е подолг за околу 10 сантиметри, со шест сантиметри повеќе простор меѓу оските. Багажникот кај новакот заостанува за 30 литри (540 литри). Тежината веќе открива разлика од 410 килограми, меѓутоа ништо не се менува во дозволената носивост од 500 килорами. Секако има разлика и во тежината приколка со сопирачки, коајшто кај електричниот ГЛБ е дозволено да тежи до 1,5 тон (500 кг помалку) на нагорини до 12 проценти.

Во перформансите одвај има разлика: Спринт 7,4 секунди на струја, 7,8 секунди на дизел, и соодветно 210 км/ч, односно 217 км/ч.

Според фабрика, просечната потрошувачка на ГЛБ Е Ку е 15,8 киловатчасови на 100 километри, кај дизелот се 5,9 литри. Емисијата кај едниов е нула, кај другиот 155 грами ЦО2 на секој километар. Таму се 60 литри дизел и 23,8 литри Адблу, тука се 85 киловатчасови нето.

При достапност на брз полнач што ќе дозволи да се полни под моќност од 320 киловати, батеријата ќе се наполни до 80% за 22 минути. Опција е АЦ-полнењето под 22 киловати, за што се потребни 9 часови, односно точно колку што трае ноќната тарифа, за да се наполни евтино дома. Таа опција е 655 евра во Германија.

Уште еден нов Мерцедес: ГЛБ прво на струја, понатаму следат бензинците

Дополнително постои можност да се приклучат надворешни потрошувачи, но и батеријата да оддава струја во спротивна насока, во дистрибутивната мрежа, за што сопственикот ќе добие надомест – секако, во земјите каде што постои таква можност.

Ако 631 километри досег се чинат малку, тогаш се поубедливи 799-те километри доколку се вози само во град, затоа што секое забавување и сопирање, значи полнење на батеријата. Ако дневниот просек е 40 километри, тоа значи дека три седмици може целосно да се заборави ГЛБ Е Ку да се приклучи на полнач. Понатаму, тоа значи дека околу 17 пати во годината, ќе треба Мерцедесот да се напои со електрична енергија.

Претходна објаваЕУ бара компаниите да купуваат електрични возила, БМВ и Тојота се побунија
Следна објаваШест членки на ЕУ бараат да се откаже забраната за мотори со внатрешно согорување по 2035 година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here