Овој Мерцедес е еден од сто и ќе вози по македонски патишта

Секоја моделска серија на Мерцедес-Бенц Карс од таканаречениот хај-енд, односно од врвот на понудата, веќе извесно време се крунисува со серии што се изработуваат во ограничен број примероци, коишто имаат впечатлива изработка или се создадени со посебен повод, и секако, чинат уште повеќе од веќе ексклузивните модели на Штутгарт. Во Мак Аутостар е изложен еден од стоте изработени примероци од АМГ СЛ во калахари златна боја.

Мерцедес создава уште една „марка“. АМГ, Мајбах, Г-Класа се само врвот на планината, за купувачите оттаму да можат да посегнат уште повисоко, по ѕвездите. А, оттаму се посегнува по ексклузивните серии, со коишто шефот Ола Калениус ја враќа Мерцедес-Бенц на местото што во 1930-те години им припаѓаше на Тип 540 К и Нирбург 500, на 300 Аденауер од 1950-те, и секако Тип 100, односно Мерцедес 600 од 1960-те и 1970-те.

Тоа со што Мак Аутостар ја почестува македонската автомобилска сцена е примерок од ексклузивната серија од родстерот АМГ СЛ, што е скроена околу ексклузивната боја на одделението Мануфактур – калахари златна боја. Името на серијата е Голден Коуст, односно Златен Брег, и изработена е во само 100 примероци. Еден од нив е во Македонија.

Одделението за посебни изработки Мануфактур ја создаде оваа боја ексклузивно за серијата Голден Коуст, односно истата не може да се нарача кај стандардните модели. Местото на калахари голд магно е покрај монца-сивата, ирски-зелената и уште неколку бои од специјалната палета, што веќе чинат над 7.000 евра како опција. Ексклузивната калахари златна боја е практично бесценета.

Многу детали се изведени во истата боја. Надворешно се забележуваат прстените по работ на црните тркала од 21 инчи и средишните прстени во калахари златна боја, но вистинското позлатување се чувствува во внатрешноста. Раскошното обрабување на средишната конзола меѓу седиштата е во калахари, штеповите на седиштата исто така, рачките во вратите, отсекаде навира злато во овој родстер.

Како основа за серијата е избран АМГ СЛ 63 4Матик+ со 585 КС, иако над него следи уште посилната верзија Е Перформанс со приклучен хибриден погон и 612 бензински + 204 електрични КС.

Голден Коуст стандардно поседува изобилство од опрема и ставки за коишто инаку треба да се доплати. Тука спаѓаат Најт Пакет и АМГ Пакет Аеродинамика, со каросериски детали во сјајна црна боја и одвај забележливи спојлери. Црно лакираните сопирачки клешти со бел натпис АМГ исто така се обележје на серијата.

Покрај тоа што златна нишка се провлекува насекаде по кабината, главното внимание паѓа на стандардните седишта АМГ Перформанс, обложени во црна напа кожа, златно штепувани со шара во форма на дијамант, со мултиконтурна функција и со климатизација. Дувалки за топол воздух под потпирачите за глава се подразбираат – така возењето зиме со спуштен покрив добива смисол. Волан АМГ перформанс со златен штеп и напа кожа, дебели патосници обрабени со кожа и штепувани златно, многу труд и вкус има вложено тука.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Automedia.mk (@automedia.mk)

За да нема забуна, името на серијата, Голден Коуст, напишано е впечатливо во средишната конзола, заедно со името Мануфактур.

Цената тука не е тема. Повеќе е прашање на брза реакција, иако е многу поверојатно дека човек што е кандидат да поседува ваков примерок, ќе добие покана да го погледне автомобилот, уште пред истиот да биде изложен во салон. Тристотини и педесет илјади евра патем.

Претходна објаваПежо 3008 за шест месеци надмина 100.000 продажби
Следна објаваФолксваген негодува за царините на Трамп

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here