Големо име стои зад парфемите на Mercedes-AMG, тоа е прочуениот Фабрис Пелегрин. Парфемите ги содржат трите клучни обележја на спортската и престижна марка на Mercedes: Технологија, луксуз и страст.
AMG подолго од 50 години е олицетворение за смелост, страст и тежнеење за врвни достигнувања, прецизност и ефикасност. Трите парфеми на Mercedes-AMG ја сочинуваат серијата THRILL, одделно тоа се парфемите Silver, Black и Red.
Францускиот мајстор за пафреми Фабрис Пелегрин создаде за AMG три исклучителни мириси, со тоа што секој посебно става нагласок на трите клучни обележја на AMG: SILVER е за технологијата, BLACK е за луксузот, а RED е за страста.
Три мириси, три различни светови на емоции
Парфемот SILVER THRILL деклува како оган што тлее под мраз. Мирисот е спој на бергамот, акација и на тропското растение пачули.
Парфемот BLACK THRILL оддава чувство на слобода и луксуз. Тука се спојуваат зрна кумару, груба кожа и мушкатна жалфија. Овошната нота ја заопкружува зрела мандарина.
RED THRILL е парфем на страст и динамика. Оваа варијанта се состои од ванила и кардамом, во контраст со лукеузен карактер на ирис.
Секако дека силен впечаток оставаат и металните шишиња. Тоа асоцира на моторите на AMG. Тие се изработени од рециклирани алуминиум и стакло и може да се дополнуваат.
















