Како и да се погледне, оваа каросерија секогаш ја има вистинската форма. Хаубата е совршено долга, маската е совршено тркачка, опашот е совршено заоблен, задните тркала се совршено блиску до седиштата. Маестрото е Славче Таневски.
Македонскиот дизајнер во Зиделфинген, Славче Таневски, кој по серијата дизајни за најпрестижните модели на Мерцедес-Бенц Карс, од есеноска раководи со еден од тимовите, со овој АМГ ГТ засекогаш го запиша своето име во автомобилската историја. Сé друго е помалку важно. И 585-те коњски сили на АМГ 63 ГТ, и најмалку двестоте илјади евра колку што чини ова гран-туризмо.
Ретко кој познавач на марката и на сцената нема од оваа појава на АМГ ГТ да се присети на „флигелтирер“, како што Германците си го познаваат 300 СЛ од 1950-те, односно на „галвинг“ во САД. И навистина, досега не постои модел во историјата на Мерцедес-Бенц, што бил толку блиску до идејата на првиот 300 СЛ, како што е ГТ. Можеби со перформансите, да, меѓутоа со формата и со изгледот, овој „славчетаневски“ гран-туризмо постигна дизајнерски потфат.
Дури и СЛР Мекларен, за којшто маркетинг-стратегот на Мерцедес-Бенз во Македонија, Владица Кокаловиќ, потсети дека „сé почна оттаму“, изгледа помалку убедливо во својата мисија, од овој Ц 192, како што гласи неговата фабричка ознака. Тоа што претходничката Ц 190 пропушти да го додаде во мотоспорт-грубоста и во исто време во отменоста во изгледот, оваа Ц 192 додава двојно.
Пропорциите се сосем различни од Порше 911, којшто се развива и се произведува во Цуфенхаузен/Штутгарт, на дваесетина километри оддалеченост од Афалтербах, од каде што поаѓа АМГ ГТ. Отсега тоа се две легенди, што веројатно нема да си парираат, но затоа тешшко дека ќе остават простор за некој трет модел покрај нив.
Разликата со 911 е очигледна во опашот. Таму каде што „елферот“ има масивен боксер со ниско тежиште, и за лаиците, непредвидлива нарав, АМГ ГТ е елегантна и заводлива. Колку што 911 додава во ширина и во импозантност, ГТ додава на склад и прецизност.
На Таневски при дизајнирањето му е важна ширината на трагата. Додека при создавањето на изгледот на ЦЛА уште мораше да им укажува на техничарите дека му е потребна ширина, кај ГТ очигледно била нацртана прво формата, и тоа до најситниот детал, па потоа се мислело на техниката. Тоа одушевува кај арките на крилата: Тркалата се речиси во милиметар во иста линија со работ на арките, како напред, така и назад.
View this post on Instagram
Секој поглед го среќава тоа што се очекува. Хаубата е долга точно колку што треба, предниот каросериски превис е кус колку што треба, опашот кога се гледа чисто отстрана, исто така кус и шланк колку што треба. Кога ќе се отворат вратите и ќе се погледне прво ширината на рамката, а потоа со поглед и ќе се измери колку е мало растојанието меѓу предните седишта и задните тркала, конечно станува јасно дека овој автомобил е врвот.
Додека кај други автомобили, со други видови на каросерија и од други класи, сé уште мора да се смета на резерва во одредени подрачја, кај АМГ ГТ е очигледно дека не е скусувано на ниту едно место. Точно колку што треба, колку и да чини тоа, како во поглед на проектирањето и дизајнирањето, така и во поглед на производството и продавањето.

Купето ГТ ја дели платформата со родстерот СЛ, меѓутоа разликата не е само во покривот, туку кај едниот сé купеизирано, кај другиот е родстеризирано. Маската е сосем различна, опашите се од два света.
Ако ГТ навистина изгледа како автомобил од соништата, единствено што тие соништа не можат да го насетат се перформансите. Тоа не се повторува на сон. Во салонскиот примерок работи 4,0-литарски Ве-8 со битурбо натполнење и 585 КС, што обезбедува спринт за 3,2 секунди и крајна брзина од 315 километри на час.
Сите технички податоци
Mercedes-AMG GT 63 4MATIC+ Coupé
| Motor | |||
| Број на цилиндри /форма | 8/V | ||
| Зафатнина | cm3 | 3.982 | |
| Моќност | kW/КС | 430/585 | |
| при вртежи | 1/min | 5.500-6.500 | |
| Вртежен момент | Nm | 800 | |
| при вртежи | 1/min | 2.500-5.000 | |
| Компресија | 8,6 | ||
| Подготовка на смеша | впрскување на бензин контролирано од микропроцесори, битурбо натполнење | ||
| Пренос на сила | |||
| Погон | целосно варијабилен погон на сите тркала AMG Performance 4MATIC+ | ||
| Менувач | AMG SPEEDSHIFT MCT 9G (автоматик со влажна спојка за поаѓање со повеќе ламели) | ||
| Преносни односи | |||
| 1./2./3./4./5./6./7./8./9. Gang | 5,35/3,24/2,25/1,64/1,21/1,00/0,87/0,72/0,60 | ||
| наназад | 4,80 | ||
| Подвозје | |||
| Предна оска | AMG ACTIVE RIDE CONTROL подвозје со активно спречување на навалување, алуминиумски триаголни водилки, спирални пруижини и адаптивни амортизери | ||
| Задна оска | AMG ACTIVE RIDE CONTROL подвозје со активно спречување на навалување, алуминиумски триаголни водилки, спирални пруижини и адаптивни амортизери | ||
| Сопирачки | дискови напред 390-mm компизит, вентилирани, 6-клипни алу-клешти; назад 360-mm композит, вентилирани, перфорирани, 1-клипна алу-клешта | ||
| Управување | електромеханичко параметарско серво со заопчеста летва, променлив пренос (14,4:1 во неутрална положба) и променлива серво поддршка, упшрвувана задна оска со агол до 2,5° | ||
| Тркала | напред: 10,5Jx20 ET42; назад: 11Jx20 ET33 | ||
| Гуми | напред: 295/35 ZR 20; назад: 305/35 ZR 20 | ||
| Димензии и тежини | |||
| Меѓуоскино растојание | mm | 2.700 | |
| Ширина на трага напред / назад | mm | 1.683/1.686 | |
| Должина / Висина / Ширина | mm | 4.728/1.354/1.984 | |
| Круг на вртење | m | 12,5 | |
| Багажник | l | 321-675 | |
| Тежина ЕУ | kg | 1.970 | |
| Носивост | kg | 190-350 | |
| Резервоар/од тоа резерва | l | 70/10 | |
| Перформанси, потрошувачка, емисија | |||
| Забрзување 0-100 km/h | sec | 3,2 | |
| Највисока брзина | km/h | 315 | |
| Потрошувачка, просек WLTP[1] | l/100 km | 14,1 | |
| Емисија на CO₂-WLTP[1[ | g/km | 319 | |















