Покрај S-Class, како знаменосец на марката, покрај благородничкиот Mercedes-Maybach S-Class и чисто електричната луксузна лимузина EQS, во фабриката на Mercedes-Benz во Зинделфинген се произведува и првиот електричен модел на AMG.
Водечката фабрика во синџирот на Mercedes-Benz во поглед на технолoгијата, Factory 56, меѓу другото се одликува со врвна приспособливост. Во овие погони може на иста лента да се произведуваат различни модели, но и модели со различни видови погон. Така се постигнува AMG-модел да се произведува заедно со S-Class, со Maybach C-Class и со EQS.
Станува збор за сложен систем на организација, што во Mercedes-Benz се води како дигитален екосистем MO360. Основата на овој дигитален систем е човекот, односно целта на MO360 е на работниците во Factоry 56 и останатите фабрики на Mercedes-Benz Cars да им се овозможи најпријатно работно секојдневие.
Во Mercedes-AMG EQS 53 4Matic+ се вградува посебна батерија, верно на спортскиот имиџ на марката. Посебниот менаџмент со батеријата и каблите со поголем попречен пресек овозможуваат погонските електромотори да ги постигнат своите исклучителни перформанси, со цел возењето да се карактеризира со динамика што е својствена за модел на AMG. Батеријата и батерискиот систем за EQS 53 4MATIC+ се произведуваат во близина, во фабриката во Хеделфинген што преттсавува дел од целиот производствен капацитет на Mercedes-Benz во Штутгарт-Унтертиркхајм.
Mercedes-AMG EQS користи целосно електричен погон
Првиот сериски модел со погон на батерии под знакот на AMG се базира врз архитектурата што се користи за сите модели Mercedes-EQ, односно врз нејзината варијанта што е наменета за модели од луксузната и ексклузивната класа. Електричната лимузина постигнува моќност до 560 киловати, односно 762 КС, и целосно е преработена во сите подрачја што се важни за перформансите. Тоа се однесува и на технологијата, и на дизајнот на каросеријата и во кабината, како и за звукот на електричниот погон што побудува посебни емоции.
Mercedes EQS вози на батерија исто колку дизел S-Class
Го имате посетено нашиот онлајн-каталог https://avtosalon.mk/ со податоци и цени за сите нови модели на автомобили на македонскиот пазар? На следниот линк можете директно да пристапите до прегледот на сите модели на Mercedes-AMG.