за

Peugeot има 15 модели со електромотор во погонот

По добар дизел, порано обично се одеше прво до салон на Peugeot. Французите уште имаат добри дизели, но во меѓувреме и електрификацијата им успева одлично.

Во компанија што постои 211 години, секако дека се одржуваат бројни традиции. Големо изненадување за многумина е фактот што денешните електрични Peugeot e-208 или Peugeot 3008 HYbrid4 ги влечат корените од модел што се појави пред дури 80 години.

Од малечок електричен автомобил што требаше да ги надмине проблемите со снабдувањето со гориво во времето на втората светска војна, до семејни модели со погон на струја што се дел од редовната понуда на Peugeot. Многу работи се случија на патот на француската марка кон целосна електрификација, тоа секако не е пресвртница што се случува преку ноќ.

Првиот електричен автомобил на француската марка е Peugeot VLV, од 1941 година. Ознаката VLV доаѓа од Véhicule Léger de Ville, односно лесно градско возило. Двоседот со електричен погон им обезбедуваше превоз главно на лекарите и на поштарите, во времето на втората светска војна, во услови кога крајно ограничените колични гориво беа неменети строго за војската. Лесниот квадрицикл минуваше до 80 километри, со брзина од околу триесетина километри на час. До 1943 година се произвеле дури 377 примероци од историскиот електричен автомобил.

Второто големо поглавје е Peugeot 106 Electric, со први примероци произведени во 1993 година. Пред да стартува редовната продажба на популарниот „106“, две дузини примероци со чисто електричен погон им беа дадени на користење на ентузијасти, на компании и на институциите. До 2003 година се произведоа 3.542 примероци. Фановите на електричниот погон денес можат по многу достапна цена да најдат примерок од 106 Electric и да го „осовременат“ со актуелизирање на дел од техниката, главно батериите.

Во децениите околу милениумскиот преод, Peugeot прикажа десетина концепти и прототипи со електричен погон, а меѓу нив се највпечатливи: Ion Concept (1994), Tulip (1996), Touareg (1996),  e-doll & Bobslid (2000), BB1 (2009), EX1 (2010)

Со влегувањето во втората декадa од новиот милениум, Peugeot ја заокружи ерата со истражување и развој на електричниот погон, и во 2011 година го понуди првиот хибриден автомобил со дизел мотор: Peugeot 3008 HYbrid4, со дволитарски дизел со 163 КС за предната оска и електромотор со 37 КС за задната оска. Заедно со концептот на целото возило, кросоверот беше пред своето време.

Првата генерација на 3008 секако дека не беше единствена со електрифициран погон во понудата на Peugeot. Под ознаката 508 RXH, Французите во пролетта 2012 година стартуваа со продажба на комби-изведбата на моделот од средната класа, со хибриден погон, со дизел мотор и системски 200 КС. Моделот беше осмислен како кросовер и имаше зголемено растојание од подлогата, како и заштита на подвозјето и стилски елементи на теренец. Овој погон по кусо време беше понуден и во лимузинската изведба на Peugeot 508.

Денес понудата на Peugeot опфаќа 15 моделски серии со елеткричен или електрифициран погон, вклучувајќи патнички и доставни модели.

PEUGEOT e-208

100% електричен погон

  • Во продажба од: Јануари 2020
  • Моќност 100 kW (136 КС)
  • Вртежен момент 260 Nm
  • Забрзување 0-100 km/h за 8,1 s
  • Највисока брзина 150 km/h
  • Потрошувачка, просек (WLTP) 15,4 kWh/100 km
  • Досег, просек (WLTP) 362 km
  • Досег, град (WLTP) 515 km
  • Батерија 50,0 kWh
  • Времетраење на полнење: 100%: 1870 min. (AC шуко 1,8 kW), 305 min. (AC 3-фазна Wallbox/полнач 11,0 kW); 80%: 30 min. (DC полнач 100,0 kW)

PEUGEOT e-2008

100% електричен погон

  • Во продажба од: Февруари 2020
  • Моќност 100 kW (136 КС)
  • Вртежен момент 260 Nm
  • Забрзување 0-100 km/h за 9,0 s
  • Највисока брзина 150 km/h
  • Потрошувачка, просек (WLTP) 15,7 kWh/100 km
  • Досег, просек (WLTP) 342 km
  • Досег, град (WLTP) 475 km
  • Батерија 50,0 kWh
  • Времетраење на полнење: 100%: 1870 min. (AC шуко 1,8 kW), 305 min. (AC 3-фазна Wallbox/полнач 11,0 kW); 80%: 30 min. (DC полнач 100,0 kW)

PEUGEOT 3008 HYbrid 225

Приклучен хибриден погон

  • Во продажба од: Јануари 2021
  • Моќност 133 kW (181 КС) од 1,6-литарски бензинец + 81 kW (110 КС) електромотор
  • Вртежен момент 300 Nm + 320 Nm
  • Системска моќност 225 КС
  • Системски вртежен момент 360 Nm
  • Забрзување 0-100 km/h за 8,7 s
  • Највисока брзина 225 km/h
  • Потрошувачка, просек (WLTP) 1,4 L/100 km
  • Потрошувачка, просек, електромотор (WLTP) 15,5 kWh
  • Досег, просек, само на струја (WLTP) 62 km
  • Досег, град, само на струја (WLTP) 71 km
  • Батерија 13,2 kWh
  • Времетраење на полнење: 100%: 450 min. (AC шуко 1,8 kW), 245 min. (AC 1-фазна Wallbox/полнач 3,7 kW), 120 min. (AC 1-фазна Wallbox/полнач 7,4 kW)

PEUGEOT 3008 HYbrid4 300

Приклучен хибриден погон, 4х4

  • Во продажба од: Јануари 2021
  • Моќност 147 kW (200 КС) од 1,6-литарски бензинец + 81 kW (110 КС) електромотор напред + 83 kW (112 КС) електромотор назад
  • Вртежен момент 300 Nm + 320 Nm + 166 Nm
  • Системска моќност 300 КС
  • Системски вртежен момент 520 Nm
  • Забрзување 0-100 km/h за 5,9 s
  • Највисока брзина 240 km/h
  • Потрошувачка, просек (WLTP) 1,3 L/100 km
  • Потрошувачка, просек, електромотор (WLTP) 15,3 kWh
  • Досег, просек, само на струја (WLTP) 63 km
  • Досег, град, само на струја (WLTP) 74 km
  • Батерија 13,2 kWh
  • Времетраење на полнење: 100%: 450 min. (AC шуко 1,8 kW), 245 min. (AC 1-фазна Wallbox/полнач 3,7 kW), 120 min. (AC 1-фазна Wallbox/полнач 7,4 kW) 

PEUGEOT 308 HYbrid 180

Приклучен хибриден погон

  • Во продажба од: Септември 2021
  • Моќност 110 kW (150 КС) од 1,6-литарски бензинец + 81 kW (110 КС) електромотор напред
  • Вртежен момент 250 Nm + 320 Nm
  • Системска моќност 180 КС
  • Системски вртежен момент 360 Nm
  • Забрзување 0-100 km/h за 7,6 s
  • Највисока брзина 225 km/h
  • Потрошувачка, просек (WLTP) 1,1 L/100 km
  • Потрошувачка, просек, електромотор (WLTP) 14,7 kWh
  • Досег, просек, само на струја (WLTP) 69 km
  • Досег, град, само на струја (WLTP) 74 km
  • Батерија 12,4 kWh
  • Времетраење на полнење: 100%: 425 min. (AC шуко 1,8 kW), 230 min. (AC 1-фазна Wallbox/полнач 3,7 kW), 115 min. (AC 3-фазна Wallbox/полнач 22,0 kW) 

PEUGEOT 308 HYbrid 225

Приклучен хибриден погон

  • Во продажба од: Септември 2021
  • Моќност 133 kW (180 КС) од 1,6-литарски бензинец + 81 kW (110 КС) електромотор напред
  • Вртежен момент 250 Nm + 320 Nm
  • Системска моќност 225 КС
  • Системски вртежен момент 360 Nm
  • Забрзување 0-100 km/h за 7,5 s
  • Највисока брзина 235 km/h
  • Потрошувачка, просек (WLTP) 1,2 L/100 km
  • Потрошувачка, просек, електромотор (WLTP) 15,6 kWh
  • Досег, просек, само на струја (WLTP) 63 km
  • Досег, град, само на струја (WLTP) 69 km
  • Батерија 12,4 kWh
  • Времетраење на полнење: 100%: 425 min. (AC шуко 1,8 kW), 230 min. (AC 1-фазна Wallbox/полнач 3,7 kW), 115 min. (AC 3-фазна Wallbox/полнач 22,0 kW) 

PEUGEOT 308 SW HYbrid 180

Приклучен хибриден погон

  • Во продажба од: Јануари 2022
  • Моќност 110 kW (150 КС) од 1,6-литарски бензинец + 81 kW (110 КС) електромотор напред
  • Вртежен момент 250 Nm + 320 Nm
  • Системска моќност 180 КС
  • Системски вртежен момент 360 Nm
  • Забрзување 0-100 km/h за 7,7 s
  • Највисока брзина 225 km/h
  • Потрошувачка, просек (WLTP) 1,1 L/100 km
  • Потрошувачка, просек, електромотор (WLTP) 14,8 kWh
  • Досег, просек, само на струја (WLTP) 68 km
  • Досег, град, само на струја (WLTP) 72 km
  • Батерија 12,4 kWh
  • Времетраење на полнење: 100%: 425 min. (AC шуко 1,8 kW), 230 min. (AC 1-фазна Wallbox/полнач 3,7 kW), 115 min. (AC 3-фазна Wallbox/полнач 22,0 kW) 

PEUGEOT 308 SW HYbrid 225

Приклучен хибриден погон

  • Во продажба од: Јануари 2021
  • Моќност 133 kW (180 КС) од 1,6-литарски бензинец + 81 kW (110 КС) електромотор напред
  • Вртежен момент 250 Nm + 320 Nm
  • Системска моќност 225 КС
  • Системски вртежен момент 360 Nm
  • Забрзување 0-100 km/h за 7,6 s
  • Највисока брзина 235 km/h
  • Потрошувачка, просек (WLTP) 1,2 L/100 km
  • Потрошувачка, просек, електромотор (WLTP) 15,6 kWh
  • Досег, просек, само на струја (WLTP) 63 km
  • Досег, град, само на струја (WLTP) 68 km
  • Батерија 12,4 kWh
  • Времетраење на полнење: 100%: 425 min. (AC шуко 1,8 kW), 230 min. (AC 1-фазна Wallbox/полнач 3,7 kW), 115 min. (AC 3-фазна Wallbox/полнач 22,0 kW) 

PEUGEOT 508 HYbrid 225

Приклучен хибриден погон

  • Во продажба од: Септември 2020
  • Моќност 133 kW (181 КС) од 1,6-литарски бензинец + 81 kW (110 КС) електромотор напред
  • Вртежен момент 300 Nm + 320 Nm
  • Системска моќност 225 КС
  • Системски вртежен момент 360 Nm
  • Забрзување 0-100 km/h за 7,9 s
  • Највисока брзина 240 km/h
  • Потрошувачка, просек (WLTP) 1,3 L/100 km
  • Потрошувачка, просек, електромотор (WLTP) 14,3 kWh
  • Досег, просек, само на струја (WLTP) 62 km
  • Досег, град, само на струја (WLTP) 65 km
  • Батерија 13,2 kWh
  • Времетраење на полнење: 100%: 415 min. (AC шуко 1,8 kW), 220 min. (AC 1-фазна Wallbox/полнач 3,7 kW), 105 min. (AC 1-фазна Wallbox/полнач 7,4 kW) 

PEUGEOT 508 PSE HYbrid4 360

Приклучен хибриден погон, 4×4

Peugeot 508 PSE

  • Во продажба од: Maj 2021
  • Моќност 147 kW (200 КС) од 1,6-литарски бензинец + 81 kW (110 КС) електромотор напред + 83 kW (112 КС) електромотор назад
  • Вртежен момент 300 Nm + 320 Nm + 166 Nm
  • Системска моќност 360 КС
  • Системски вртежен момент 520 Nm
  • Забрзување 0-100 km/h за 5,2 s
  • Највисока брзина 250 km/h
  • Потрошувачка, просек (WLTP) 1,8 L/100 km
  • Потрошувачка, просек, електромотор (WLTP) 15,9 kWh
  • Досег, просек, само на струја (WLTP) 51 km
  • Досег, град, само на струја (WLTP) 53 km
  • Батерија 13,2 kWh
  • Времетраење на полнење: 100%: 415 min. (AC шуко 1,8 kW), 220 min. (AC 1-фазна Wallbox/полнач 3,7 kW), 105 min. (AC 1-фазна Wallbox/полнач 7,4 kW) 

PEUGEOT 508 SW HYbrid 225

Приклучен хибриден погон

  • Во продажба од: Септември 2020
  • Моќност 133 kW (181 КС) од 1,6-литарски бензинец + 81 kW (110 КС) електромотор напред
  • Вртежен момент 300 Nm + 320 Nm
  • Системска моќност 225 КС
  • Системски вртежен момент 360 Nm
  • Забрзување 0-100 km/h за 8,0 s
  • Највисока брзина 240 km/h
  • Потрошувачка, просек (WLTP) 1,3 L/100 km
  • Потрошувачка, просек, електромотор (WLTP) 14,7 kWh
  • Досег, просек, само на струја (WLTP) 60 km
  • Досег, град, само на струја (WLTP) 64 km
  • Батерија 13,2 kWh
  • Времетраење на полнење: 100%: 415 min. (AC шуко 1,8 kW), 220 min. (AC 1-фазна Wallbox/полнач 3,7 kW), 105 min. (AC 1-фазна Wallbox/полнач 7,4 kW) 

PEUGEOT 508 PSE SW HYbrid4 360

Приклучен хибриден погон, 4×4

  • Во продажба од: Maj 2021
  • Моќност 147 kW (200 КС) од 1,6-литарски бензинец + 81 kW (110 КС) електромотор напред + 83 kW (112 КС) електромотор назад
  • Вртежен момент 300 Nm + 320 Nm + 166 Nm
  • Системска моќност 360 КС
  • Системски вртежен момент 520 Nm
  • Забрзување 0-100 km/h за 5,2 s
  • Највисока брзина 250 km/h
  • Потрошувачка, просек (WLTP) 1,8 L/100 km
  • Потрошувачка, просек, електромотор (WLTP) 15,9 kWh
  • Досег, просек, само на струја (WLTP) 51 km
  • Досег, град, само на струја (WLTP) 53 km
  • Батерија 13,2 kWh
  • Времетраење на полнење: 100%: 415 min. (AC шуко 1,8 kW), 220 min. (AC 1-фазна Wallbox/полнач 3,7 kW), 105 min. (AC 1-фазна Wallbox/полнач 7,4 kW) 

Доставни модели на Peugeot и патнички изведби врз основа на доставен модел со електричен погон:

Peugeot e-Boxer

Peugeot e-Expert Combi

Peugeot e-Expert Fourgon

Peugeot e-Partner Fourgon

Peugeot e-Rifter

Peugeot e-Traveller

Македонските компании брзо ги осознаа и прифатија предностите на електричниот погон во намалувањето на оперативните трошоци, како и на вкупниот временски обем и трошоците за сервисирање. Сите доставни возила со електричен погон што Еуроимпекс ги понуди на нашиот пазар досега, веќе се испорачани или чекаат испорака.

Додека го очекуваме новиот Peugeot 308 да стартува со продажба во Македонија во првиот квартал од новата година, Французите веќе најавија дека семејниот модел ќе го понудат и во чисто електрична изведба во 2023 година.


Во нашиот онлајн-каталог https://avtosalon.mk/inventory/?marka=peugeot&motor_vid=elektro_motor можете детално да ги погледнете сите патнички модели на Peugeot со електричен погон што се достапни на македонскиот пазар.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Acer го тужи Volkswagen околу лиценците за чипови

AMG го произведе својот прв електричен автомобил EQS 53