за

Камион Mercedes претворен во центар за вакцинирање во Германија

Во регион во германската сојузна држава Баден Виртемберг се користи Mercedes-Benz Actros, претворен во мобилен центар за вакцинирање против ковид, што пристига во секоја општина.

Заради забрзување на борбата против панденмијата, властите во еден регион во германската покраина Баден Виртемберг ангажираа камион Mercedes-Benz Actros, кој е претворен во подвижен центар за имунизација. Тоа е единствен пример во целата покраина, со посетување на секој град и секоја општина што спаѓаат во регионот.

Предизвикот при имунизацијата во регионот Ремс Мур е во постоењето мали места што се на голема оддалеченост едно од друго. Локалните власти го надминаа предизвикот на тој начин што преносна амбулантна единица поставија врз полуприколка, што ја влече Mercedes-Benz Actros 1848 LS. Овој камион со амбуланта зад себе пристига директно во местата што се посебно загрозени и во коишто живеат голем број постари лица со ограничена подвижност.

Проектот е наменет исклучиво за имунизација на лица постари од 80 години. Властите ценат дека е особено важно брзото вакцинирање на овие лица, заради нивна заштита од високозаразните варијанти на вирусот.

Движењето на камионот низ регионот е организирано на тој начин што тој во рок од три недели повторно ќе пристигне на местата на коишто на лицата им била дадена првата вакцина, заради навремено изведување на второто вакцинирање. Дневно се доставуваат до 130 дози вакцини (со една доза се вакцинираат до 7 лица). На овој начин се предвидува дополнително да се изведат 10.000 вакцинирања, за повеќе од 5.000 жители на регионот Ремс Мур над 80 години да добијат најдобра можна заштита. Моментно се користи исклучиво вакцина од Biontech-Pfizer.

Во план е искуствата од германскиот регион Ремс Мур понатаму да се применуваат и за останатите региони ширум земјата, со слична населеност.

Камионот дополнително е опремен со сини ротациски светла и со сирена, потоа со обична радио врска и со дигитална радио врска. Mercedes-Benz Actros 1848 LS користи 12,8-литарски мотор OM 471 LA. Во преносната амбуланта се наоѓаат две простории за имунизација и еден простор за чекање, што е доволно за две редици за вакцинирање. Камионот располага со сопствено снабдување со електрична енергија и вода.

Во целата држава постојат четири вакви преносни амбуиланти, за посебна примена: По една во Берлин, во Хесен, Шлесвиг-Холштајн и во Баден Виртемберг.

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes EQA: Тука почнува електричното возење под ѕвездите

Mercedes постигнува двоцифрен раст годинава

Моторот на Porsche 911 GT3 мина 5.000 часови под полна гас и 300 km/h