за

Полска го избра Mercedes-Benz Actros за камион на годината

Mercedes-Benz Actros е претплатен на награди, досега меѓу другото го понесе и насловот на „Светски камион на годината“, според стручното жири од новинари од цел свет. Со тоа се сложни и читателите на „Polski Traker“.

Полска го избра Mercedes-Benz Actros за камион на годината

Читателите на специјализираниот магазин за камиони „Polski Traker“ во Полска го избраа знаменосецот во камионската понуда на Mercedes-Benz за камион на годината. Тоа е шести пат, Actros да добие признание од читателите во изборот на полскиот магазин.

Изборот годинава првпат се одржа онлајн. Читателите добија можност да остават и коментари за својот избор. Тие се одушевија најмногу од современите системи за асистенција што се вградуваат во Mercedes Actros.

Младите возачи на камиони беа посебно одушевени од возилото што располага со дигитален мултимедиски кокпит, како и од системот од камери и дисплеи MirrorCam, кој ги заменува обичните ретровизори.

Читателите и професионални возачи ќе можат и лично да се уверат во сите предности и квалитети на Actros, затоа што дилерите во земјата имаат на располагање вкупно 65 „смарт-камиони“ за тест-возење.

New item by Automedia MK / Google Photos

>>> Mercedes стартува со електричен eActros во серија во 2021

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota C-HR е следниот модел што добива изведба GR Sport

Toyota C-HR е следниот модел што добива изведба GR Sport

Kia е-Niro најпродаван електричен автомобил во Британија

Kia е-Niro најпродаван електричен автомобил во Британија