за

Италијанска компанија го купи својот 1.000-ти Mercedes-Benz Actros

Фамилијата Торело ја имаше честа, клучевите за својот Actros да ги прими лично од директорката на Mercedes-Benz Trucks, Карин Радстром.

Групацијата Torello, долгогодишна деловна партнерка на Mercedes-Benz Trucks Italia, возниот парк во постојаност го обновува со возила од Daimler Truck. Карин Радстром, извршна директорка на Mercedes-Benz Trucks, лично на фамилијата Торело ѝ ги предаде клучевите од нивниот 1.000-ти Mercedes-Benz Actros, во центарот за клиенти во фабриката во Верт на Рајна.

Семејната компанија Torello се вбројува меѓу најголемите оператори со возни паркови за патен транспорт и за логистички услуги во Италија. Таа вработува околу 2.400 лица и располага со дваесетина локации во Италија и во останатите европски држави, меѓу кои Франција, Романија, Србија и Словачка. Новиот Actros L се придружува во големиот возен парк, што Torello Gruppe го користи ширум Европа.

„Со 1.000-от камион Mercedes-Benz во нашиот возен парк, постигнавме вкупна бројка што го отсликува нашето долгогодишно партнерство. Голема радост за нашата фамилија и за нашата компанија е можноста да го прославиме предавањето на возилото, тука во Верт на Рајна“, изјави Никола Торело, основач и претседател на групацијата Torello.

New item by Automedia MK / Google Photos

Моторот OM 471 вреди половина од камион Mercedes-Benz Actros

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen вложува 450 мио € во фабрика за батерии

Застојот во шведските рудници го забавува производството на батерии

Volkswagen со 2 млрд. € го претвора Залцгитер во фабрика за батерии