Трета фабрика започнува со производство на Mercedes A-Class

mercedes a-class finska

По неколку недели од почетокот на производството во матичната фабрика во Раштат и во унгарскиот Кечкемет, новиот Mercedes A-Class отсега излегува и од фабриката во Финска

Фабриката на Valmet Automotive во финскиот Усикаупунки е третата локација од којашто почнува да излегува новата генерација на Mercedes A-Class. Компактот со сребрената ѕвезда стартуваше во матичната фабрика во Раштат во април, а еден месец подоцна се придружи и фабриката во Кечкемет, Унгарија.

https://www.instagram.com/p/BlCu-PpgBCK/?hl=de&taken-by=daimler_ag

Mercedes A-Class се произведува во Финска уште од 2013 година. На истата производствена лента се изработува и GLC. Комбилимузината е првата каросериска варијанта во семејството модели во компакт класата, коешто досега броеше пет варијанти: A-Class, B-Class, CLA, CLA Shooting Brake, GLA. Во новата генерација ќе се нудат многу повеќе модели, дури осум. Неодамна во Кина беше претставена продолжената лимузинска изведба од A-Class, којашто ќе се произведува локално.

Седмиот модел ќе биде GLB, со робусен стил по пример на G-Class и повеќе простор од GLA, веројатно и со седум седишта. Останува мистеријата околу осмиот модел: Дали тоа ќе биде европска верзија на кинескиот седан или можеби кабриолет, по пример на Audi A3 и серијата 2 на BMW?

Воланот произведен со 3D-печат се предава како штафета

Кога стартуваше производството во Раштат, практикантите изработија модел на волан, користејќи напредно 3D-печатење. Во воланот е вграден дисплеј, со снимени поздрави коишто вработените ги испраќаат до следната фабрика што ќе го произведува A-Class. Воланот буквално се предава како штафета. По Раштат, Кечкемет и Усикаупунки, штафетата уште годинава ќе допатува во Централно Мексико, кадешто исто така ќе се произведува компактниот модел на Mercedes. Производстениот синџир го заокружува фабриката Beijing Benz Automotive Co. или BBAC во Кина.

Веќе е потврдено дека во фабриката на Smart во Хамбах, Франција, наскоро ќе стартува компактен модел со електричен погон од специјализираната подмарка EQ.

Претходна објаваBMW во батериска зделка вредна 4 милијарди евра
Следна објаваRolls-Royce денес затвора порано – се гледа фудбал

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here