Онлајн-берзата Byuacar.co.uk доби интересни резултати при анализата на возраста на повеќе од 10.000 купувачи на автомобил. Се покажа дека Mercedes A-Class, покрај тоа што единствена се појавува меѓу десетте најпродавани модели во секоја возрасна група купувачи, претставува и прв избор на купувачите на возраст меѓу 25 и 44 години. Не е изненадување и тоа што Mercedes A-Class е најпродаваниот модел преку британскиот онлајн-трговец.
Резултатот на A-Class во истражувањето на британската онлајн-берза е уште повпечатлив покрај фактот што возачките и возачите избираат поголеми автомобили од претходните, како што расте нивниот број на години.
Купувачите на автомобил преку берзата Buyacar.co.uk, во средните триесетти години, на пример, обично избираат автомобили од т.н. сегмент D, односно тоа се лимузини и комбилимузини од средната класа, секако вклучувајќи и СУВ-модели и кросовери од класата.
Ford Fiesta е класичен избор на градски автомобил и се појавува во Топ 10 избор на купувачи на возраст меѓу 18 и 24, односно меѓу 25 и 34 години. Наспроти тоа, во возрасната категорија над 35 години, возачките и возачите избираат поголеми автомобили, како Kia Sportage, Volvo XC90, BMW од серијата 5 или Mercedes E-Class.
Mercedes A-Class е прв избор за возачите до возраст од 44 години, за потоа да падне на шестото место, во категоријата возачи на возраст меѓу 45 и 54 години. Во следната возрасна категорија, меѓу 55 и 64 години, компактот со сребрена ѕвезда се искачува повторно и доаѓа до четвртото место.
Најпродавани 10 модели на онлајн-берзата BuyaCar.co.uk за 2019-2020 година
- Mercedes-Benz A-Class
- Opel Corsa
- Volkswagen Golf
- Volkswagen Polo
- Mercedes-Benz C-Class
- Ford Focus
- Audi A1
- Land Rover Discovery
- Ford Fiesta
- Mini Hatchback
>>> Нема криза за премиум: Mercedes го заврши кварталот во плус
















