за

Франција ги лови гласните мотоцикли со „медуза“

Полицијата во Франција применува нови методи против прегласните мотоцикли и автомобили. Се користат таканаречени радари за бучава.

Во повеќе градови во Франција се тестираат специјални „радари“ што се опремени со микрофони. Овие уреди треба да помогнат во борбата против прекумерната бучава на којашто се жалат жителите. Полицијата ги има во предвид и тјунираните машини на таканаречените авто-позери.

Медуза им помага на Французите да го сочуваат спокојството во секојдневието, а посебно во ноќните часови. Тоа е името на уредот што се користи за таа цел и што со изгледот го заслужи своето име. Уредот се состои од носач на којшто се прицврстени четири микрофони. Секој микрофон е насочен во одреден правец. Различното насочување има за цел да се регистрираат звучни бранови од повеќе позиции. Тоа овозможува „радарот за бучава“ да препознае одредени звуци и да ги разликува од вообичаените звуци во средината, и во исто време да утврди од кој правец доаѓа бучавата.

Според официјалните наводи, Медуза мери повеќепати во секунда, за да реагира и на најкусата бучава што ќе се создаде во средината. Уредот е поврзан со камера и со уред за скенирање на регистерската ознака. На тој начин се утврдува сопственикот на возилото, за потоа да му се испрати парична казна на домашната адреса.

Не се жалат само жителите во центарот на градовите, туку и станарите во популарните региони за рекреација и излетнички места, реагираат сé почесто на бучавата од возилата. Формирани се здруженија чијашто цел е да се воведе закон за заштита од бучава со пониски гранични вредности, како и примена на поделотворна техника за мерење на бучавата и за хомологирање на возилата.

ЕУ веќе подолго време подготвува и спроведува активности против прекумерната бучава, којашто се води како загадување на животната средина, исто како загадениот воздух

Секако дека се бараат и повисоки казни при преземање недозволени зафати врз мотоциклите. Исто како кај автомобилите, омилени се издувни системи со „клапна“, којашто се контролира и дозволува возачот по желба да пушти издувот да трешти, без никакво придушување на звукот. ЕУ има за цел да реагира против тие уреди обично се дозволени, во одредено гранично подрачје, меѓутоа со уредите често се манипулира.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mitsubishi Outlander ја освои најпрестижната награда за дизајн

Mazda го реновира музејот пред одбележувањето еден век постоење на марката