за

Mitsubishi Outlander ја освои најпрестижната награда за дизајн

Новиот Mitsubishi Outlander во изведба со приклучен хибриден погон победи во изборот за најдобар автомобилски дизајн iF Design Award. Се ценат и останатите нешта покрај дизајнот.

Актуелното време и времето во коешто живеат дизајнерите на јапонските марки повторно се совпаѓаат. Изгледот на моделите од Истокот дефинитивно се разликува од шемата, внесувајќи ја неопходната свежина на сцената. Mitsubishi Outlander со приклучен хибриден погон победи на најпрестижната манифестација што го прославува автомобилскиот дизајн.

Новата генерација на Mitsubishi Outlander уште е неизвесно дали в година ќе стартува и на европскиот пазар, но е извесно дека ако тоа се случи, овој впечатлив автомобил со себе ќе носи бројни награди. Mitsubishi Outlander PHEV понесе награда во iF Design Award 2022, што е еден од најпрестижните настани на сцената на дизајнот. Манифестацијата ја организира интернационалниот форум за дизајн iF, со седиште во Хановер, Германија. Покрај изгледот на новиот Outlander не изненадува тоа што јапонската марка првпат е одликувана во рамките на овој избор на најдобри дизајни.

Доделувањето на наградите за дизајн се одржува уште од 1954 година. Настанот претставува синоним за врвeн дизајн во светски рамки. За наградите за iD Design Award 2022, беа поднесени околу 11.000 пријави од 57 држави. Жирито од најдобрите светски експерти за дизајн решаваше според пет критериуми: Идеја, форма, функција, посебност и влијание.

Outlander PHEV е знаменосец во понудата на Mitsubishi. Моделот го соединува искуството на јапонската марка во работата со електрифицирана погонска спрега, со искуството со погонот на сите тркала. Основата доаѓа од партнерот Nissan, со платформа што вклучува напредни технолошки решенија. Дизајнерскиот концепт се води под името Bold Stride. Негови одлики се дебелите, хоризонтални пропорции, што создаваат впечатлива и освојувачка појава. Перките назад се инспирирани од опашот на авионите, со цел да се нагласат моќните и суверени перформанси на возилото.

Премиум-карактерот на Outlander го нагласува изборот на материјали во кабината. Арматурната табла исто така е ориентирана хоризонтално. Според јапонските специјалисти, тоа помага да се добие поверодостојна претстава за позицијата на возилото при возење по терен, на пример под поголем наклон. Кокпитот оддава впечаток на робусност и просторност. Жирито на iF DESIGN AWARD 2022 ја додели наградата на Outlander, со високи оцени за формата, функционалноста и посебноста на карактерот.

Mitsubishi Eclipse Cross и Outlander во спорските изведби под знакот на легендарните Ralliart

Mitsubishi моментно на македонскиот пазар ги има во понуда пикапот L200 којшто низ бројните генерации досега е еден од најуспешните возила од овој сегмент кај нас. Наскоро пристига контингентот во Мак Аутостар, во меѓувреме уште има шанса да се нарача херојот на овие разбранувани времиња, Space Star.

Тест: Mitsubishi Space Star 1.0 Entry

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Renault ги продава акциите во АвтоВАЗ, новиот сопственик презема за 1 рубља

Франција ги лови гласните мотоцикли со „медуза“