Додека се ужива во вкусниот оброк, возилотo надвор се полни. Ланецот ресторани за брза храна McDonalds ќе им ја овозможи оваа комоција на своите гости.
До 2025 година, на повеќе од 1.000 локации на McDonalds ширум Германија ќе се постават брзи полначи што користат чиста еколошка струја. Моментно во 40 ресторани на американскиот гигант се поставени полначи за електрични автомобили.
Исто планира и групацијата Schwarz, со познатите ланци Kaufland и Lidl. Секој новоизграден објект во ланецот супермаркети ќе добие најмалку по еден полнач за електромобили. Во случај на реновирање, исто така ќе мора да се испланира поставување полнач. На краткорочен план, на секое паркиралиште пред маркет на Kaufland и Lidl во Германија ќе се наоѓа по еден електричен полнач.
Ikea, Aldi Süd и Rewe веќе нудат полначи на своите паркиралишта и во иднина уште поинтезивно ќе ја шират мрежата од полначи. Неколку хоби-супермаркети, од типот на нашите Електроелемент или Електрометал, исто така сé почесто им нудат можности за полнење на своите клиенти со електрични или хибридни возила
Во 2019 година, секој осми полнач во Германија бил поставен на паркиралиште пред трговски објект. Тоа го гради имиџот на компанијата и во исто време привлекува клиенти.
>>> Mini ја вози првата електрична тура низ Македонија (Дел 1)

















