Будимпешта доби дилер за „лондонско такси“ на струја

LEVC TX Shuttle

Gablini Automotive Group ќе ги продава и сервисира различните каросериски изведби на TX на унгарскиот пазар. Планот на англиската компанија што ги произведува овие возила со погон на струја планира мрежата да ја прошири на 21 пазари во ЕУ до крајот на следната година.

LEVC (London Electric Vehicle Company) го доби првиот дилер во Унгарија, Gablini Automotive Group. Од своето сдедиште во Будимпешта, дилерската групација ќе врши продажба и сервисирање за возилата со електричен погон TX Taxi и TX Shuttle, а од следната пролет ќе следи и електричната фургон-изведба VN5.

Унгарија има јасна стратегија за електромобилност и моментно има неколку програми за субвенционирање, со коишто приватните корисници и компаниите ги охрабрува да се префрлат на електричен погон.

Сопствениците на возила со зелена регистерска таблица во Унгарија уживаат даночни повластици или ослободувања, намален ДДВ и намален данок на личен приход, како и повластени услови за финансирање. Паркирањето во Будимпешта е бесплатно, исто и во уште неколку поголеми градови.

Gablini Automotive Group прва стартуваше со продажба на современи електрични возила во земјата во 2013 година. Конкретно за возилата на LEVC, станува збор за возило со т.н. продолжувач на досег, односно мал мотор со внатрешно согорување што дејствува како генератор откако ќе се испразни батеријата и понатаму ја полни истата, обезбедувајќи енергија за погонскиот електромотор.

LEVC TX имаше премиера во 2018 година и оттогаш се продадени повеќе од 4.500 примероци ширум светот. Погонот е со електромотор од 110 kW (150 КС). Со полна батерија од 33 kWh, возилото минува до 101 километри. Потоа се вклучува 1,5-литарски бензинец од Volvo (LEVC е дел од Geely, каде што припаѓа и Volvo), кој дејствува како генератор. Со горивото во резервоарот и со претходниот пат поминат само на струја, вкупниот досег изнесува 510 километри.

>>> Електричното лондонско такси достигна 2.500 примероци

Електричното лондонско такси достигна 2.500 примероци
Електричното лондонско такси достигна 2.500 примероци

Претходна објаваИлјада ресторани McDonalds во Германија ќе добијат полнач за струја
Следна објаваКонцептот на „брако-приколка“ доживува препород

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here