Студија: Германија в година станува најголем производител на електрични возила

toyota електрични возила
toyota електрични возила

Германија може уште во 2021 година да стане најголем производител на електрични автомобили во светот, со 1,7 милион возила. Така предвидува студијата од Маккинзи, во оценувањето на напредокот на електромобилноста во 15 највлијателни држави во светот.

Европа станува главно „жариште“ на електромобилноста. Продажбата на чисто електрични автомобили и плагин хибриди во 2019 година пораснала за 44% во споредба со преклани, со повеќе од 600.000 возила. Во Кина, продажбата напредувала само за 3%, со вкупно 1,2 милион примероци, додека во САД, пазарот дури забележал пад за 12 проценти во споредба со 2018 и таму се продале околу 300.000 возила на струја.

Во студијата на Маккинзи понатаму се наведува дека Кина останала најголем пазар во светот и понудата на автомобилите од локална продукција се зголемила значително. Меѓутоа, во Европа се бележи нагло зголемување во побарувачката за овие возила и се очекува динамиката да продолжи. Тоа се должи на сé побогатата понуда од модели, со коишто производителите сакаат да ја смалат просечната емисија ан СО2 на продадените возила и да бидат поштедени од казни, останувајќи во пропишаните рамки од ЕУ.

Уделот на електрични возила во вкупната продажба на автомобили во Норвешка лани достигнал 45 проценти

Консултатите од светски прочуената агенција ценат дека производителите мораат до 2021 година да надминат 2 милиони продадени електрични автомобили, заради избегнување на милионските казни од ЕУ. Со повеќе од 110.000 продадени електрични автомобили во 2019 година, Германија е трет најголем пазар во светот и водечки пазар во Европа. Со пазарен удел на електричните автомобили од 2,8 проценти, Германија е во европскиот просек. Во тој поглед се недостижни Норвешка, кадешто уделот на овие возила изнесува близу 45 проценти, исто како и Исланд (22%) и Холандија со 13 проценти. Европските купувачи имаат и мошне широк избор од модели на струја. Кина е веќе недостижна со своите 170 модели на струја што им се достапни на возачите во земјата, но и германскиот пазар има сосем солидна понуда од осумдесетина модели.

Автоиндустријата најави 600 нови електрични автомобили до 2024 година. Кинеските марки предводат со 169 модели, по нив следат Јапонија (145) и Германија (102). Уделот на германските производители во светската продукција на возила на струја ќе се зголеми од ланските 18 проценти, на 29 проценти во 2024 година. Според овие предвидувања, Германија уште во 2021 година ќе го преземе водството меѓу земјите производители на електромобили, со мала предност пред Кина.

Tesla Model 3 со голема предност е најпродаван електричен автомобил во светот

Tesla ќе продолжи да се пробива како водечки производител на електрични автомобили. Лани калифорнискиот електро-специјалист произведе 368.000 возила, од кои тристотини илјади примероци отпаѓаат само на Model 3. Тој е далеку најпродаван електричен автомобил во светот. BMW со 133.000 продадени плагин-хибриди и чисто електрични автомобили е во светскиот Топ 10, заедно со Volkswagen со 85.000 електромобили.

Најброен е сегментот на компактните возила, со пазарен удел од 44 проценти, пред СУВ-моделите, кои учествуваат со 30 проценти во продажбата. Продолжува и трендот на автомобилите на батерија. Дури 74% од продадените електрични автомобили биле чисто „батериски“, додека на плагин-хибридите им преостануваат само 26 проценти.

Lexus UX е добар кросовер, заслужи прв да вози на струја за марката

Претходна објаваОвој Bentley и дождот знае да го почитува
Следна објаваCupra го доби првиот сопствен модел, 310 КС во топ-моделот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here