Производителот BYD и јавното транспортно претпријатие на Лос Анџелес договорија испорака на 130 електрични автобуси, што е рекорд во историјата на САД. Автобусите ќе се произведуваат во фабриката на BYD во Ланкастер, Калифорнија, на оддалеченост од 130 километри од Лос Анџелес.
Автобусите од типот K7M се долги 9,1 метри, располагаат со 22 седишта и постигнуваат досег до 240 километри. Полнењето на батеријата ќе трае само три часови. Според кинеската компанија, повеќе од две третини од компонентите за елеткричните автобуси ќе бидат од локална продукција.
Со оваа масовна замена на автобусите со обичен погон со електрични автобуси, Лос Анџелес прави значаен напредок во реализацијагта на планот, целиот возен парк да се префрли на струја до 2030 година. Планот понатаму предвидува секое возило што му припаѓа на градот, да се замени со возило на струја до 2050 година.
https://www.instagram.com/p/B4dMYyanNW7/
Според BYD (кусо од Build Your Dreams), со испораката на 130 електрични автобуси, градот ќе биде поштеден од 8.225 метри кубни СО2 на годишно ниво, односно вкупно 98.700 метри кубни, во целиот 12-годишен експлоатациски период на автобусите. Во споредба со постоечките автобуси, кои користат метан, емисијата на СО2 ќе се смали за 81 проценти. Дополнително, електричните автобуси се поевтини за одржување. BYD одобрува и 12-годишна гаранција за батериите, што е рекорд во браншата.
Американскиот огранок на BYD вработува повеќе од 1.000 лица, вклучувајќи воени ветерани, самохрани родители, ресоцијализирани граѓани и други лица што наидуваат на тешкотии при вработување во индустријата.
Во овој автобус со погон на водород работи техника од Toyota Mirai
















