Skoda произведе три милиони менувачи DQ200 за концернот VW

Skoda произведе три милиони менувачи DQ200 за концернот VW
Skoda произведе три милиони менувачи DQ200 за концернот VW

Во фабриката на Skoda во Врхлаби е произведен тримилионитиот менувач со двојна спојка од типот DQ200. Во погоните што се вбројуваат меѓу најмодерните во концернот Volkswagen, дневно се произведуваат 2.200 примероци од овој менувач.

Во фабриката за менувачи на Skoda во Врхлаби денес е произведен тримилионитиот примерок од менувачот со двојна спојка од типот DQ200. Производството на овој тип менувачи започна во 2012 година. По седум години, менувачот се вградува без потреба од натамошно усовршување во речиси сите марки од концернот Volkswagen.

Станува збор за еден од најмодерните погони во рамките на групацијата, кадешто меѓу другото се применуваат и начелата на Индустрија 4.0. Со тоа се обезбедува врвна прецизност, особено во најсложените постапки, како што е вметнувањето на клипот за префрлување меѓу степените на пренос.

Посебната конструкција на менувачот со двојна спојка DQ200 овозможува негово вградување во бројни моделски изведби на Skoda, но и во останатите марки во концернот Volkswagen. Чешката марка вградува 38 проценти од вкупната продукција на овој менувач во своите модели, додека останатите 62 проценти се испорачувааат во фабриките на другите марки. Половината од менувачите заминуваат во германските фабрики. DQ200 се испорачува и во Индија, Полска, Русија, Шпанија, Јужна Африка и Унгарија.

Новата генерација на Skoda Octavia преоѓа во класа погоре

Претходна објаваЛос Анџелес со рекордна нарачка на 130 електрични автобуси – од BYD
Следна објаваТака изгледа чувството за слобода денес: Ford Mustang Mach-E на струја

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here