Mitsubishi го снабди и Space Star со „динамичен штит“

Mitsubishi Space Star FL
Mitsubishi Space Star FL

Mitsubishi гo претстави освеженото моделско годиште на Space Star и на неговата лимузинска изведба Attrage. Главните промени се во изгледот на предниот дел, сега со препознатливиот „динамичен штит“ на Mitsubishi. Станува збор за светски модели, кои лани достигнаа продажба од 140.000 примероци.

Новата работна недела започнува со Mitsubishi, со „стара вест“. Во Токио веќе одамна е завршено вообичаеното работно време, временската разлика сепак изнесува осум часови. Веста, всушност, пристига од долгогодишната фабрика на марката во Тајланд, кадешто марката ги произведува своите модели од градската класа, таму под името Mirage, а кај нас Space Star, заедно со лимузинската изведба Attrage, којашто не се испорачува за европскиот пазар.

Mitsubishi Space Star и Attrage ќе го имаат своето прво појавување пред публиката на салонот во Тајланд, со почеток на 28-ми ноември. Моделското освежување најмногу се однесува на промените во изгледот на предниот дел, кој ја презема дизајнерската шема на таканаречениот „динамичен штит“, препознатлив по лаковите со метален финиш под светлата. Неколку промени има и во внатрешноста.

https://photos.app.goo.gl/7TyW9PAmyujqWjc79

Лани, Mitsubishi во фабриката во Лаем Чабанг произведе околу 140.000 примероци од двата модели што се достапни на бројни пазари ширум светот

Со преоѓањето на актуелниот стил на Mitsubishi, Space Star и Attrage (познат и како Mirage G4 на одредени пазари) добија и нови светла со повеќе динамична форма, како и дводелна маска што внесува спортска нота. Со неколку вешти дизајнерски потези во браникот е постигнато задниот дел да изгледа пошироко и возилото визуелно да се „прилепи“ за патот. Истиот ефект го има и L-шемата на осветлување во задните светла, кои сега користат и диодна техника.

https://photos.app.goo.gl/Y31gJQBz91j1xqC88

https://photos.app.goo.gl/qWYjwC3fr6TN6uiRA

 

Новитет во понудата од бои е „бел дијамант“ со стаклен ефект, како и впечатливата жолта боја. Алу-бандажите од 15 инчи имаат нов дизајн, различен кај двата модели. Во внатрешноста се сменети облогите на вратите, заради подобра потпора на лактот, а горните површини во кокпитот се обложени со мек материјал.

Повеќе спортска нота во внатрешноста на Space Star и повеќе елеганција за Mirage G4 (Attrage)

Инструментите добија спортски изглед, а слична идеја се препознава и во подлогата за пркинувачите за прозорците, со изглед на карбон. Во повисоките нивоа на опрема следат посебни седишта, исто така со спортска нота и обложени во комбинација од платно и вештачка кожа. Секако дека денес со секое моделско освежување пристигаат и нови и поголеми средишни дисплеи. Kaj Space Star и Attrage тоа значи пречник од 7 инчи и поддршка за Apple CarPlay.

https://photos.app.goo.gl/Na8tRuSuoHtoippRA

https://photos.app.goo.gl/DEdQm3JTKqRG7kSi8

Space Star користи 1,0 и 1,2-литарски мотори, соодветно со моќност од 71 и 80 КС, достапен во преку 90 земји, вклучувајќи ги Европа и САД. Attrage е достапен на 60 пазари, меѓу поголемите пазари се вбројуваат и САД. Од почетокот на продукцијата, Mitsubishi досега испорача околу 650.000 примероци од Space Star и 280.000 примероци од лимузинската изведба.

https://photos.app.goo.gl/GdhXUvfTQxKr2nL78

Новиот Mitsubishi L200 пристигна во Макауто Стар: Пикапот станува модерен

Претходна објаваMercedes обучи 45.000 работници за електричниот погон
Следна објаваЛос Анџелес со рекордна нарачка на 130 електрични автобуси – од BYD

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here