за

За фановите на Lexus, Женева не е далеку: Три европски премиери

За фановите на Lexus, Женева не е далеку: Три европски премиери
За фановите на Lexus, Женева не е далеку: Три европски премиери

Три автомобили на Lexus што својата светска премиера ја имаа на различни краеви на светот, во Женева првпат ќе се појават пред европската публика. Првиот електричен Lexus, кабриолет од најблагородна сорта и автомобил од иднината, сето тоа ќе биде изложено на штандот на марката.

Lexus годинава има дури три европски премиери покрај езерото Леман. На салонот во Женева (од 3-ти до 15-ти март), луксузната марка на Toyota ќе ѝ прикаже на швајцарската публика една визија од иднината, еден автомобил со нов вид на погон за Lexus и еден автомобил што веродостојно ги претставува традиционалните вредности на ова ценето име на автомобилската сцена.

За прикажување на иднината кон којашто се движи автомобилскиот свет е задолжен концептниот автомобил LF-30 Electrified Concept. Според Lexus, со напредувањето во ерата на електричниот погон ќе се менува и основниот дизајн на возилата, а ќе следи и цела низа иновативни технологии. Серискиот модел што некогаш би произлегол од LF-30, ќе посредува врвен комфор, уживање во возењето и сосем нов вид на услуги. Повеќе за концепт објавивме при неговата премиера во Токио.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Вториот модел во Женева има веќе многу поконкретна реалност. Станува збор за UX 300e, прв сериски модел со погон на струја на Lexus, како нова варијанта на кросоверот UX. Неговата светска премиера беше во Кина, на салонот во Гуанжу. Продажбата на електричниот Lexus во Европа ќе стартува кон крајот на годинава, само на пазарите кадешто е повеќе присутен погонот на струја, како Норвешка или Холандија.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Lexus LC 500 Convertible е чиста манифестација на луксузот и престижот на марката, во комбинација со традиционален V8. Отворената каросериска изведба на Lexus LC, конкурент на Mercedes S-Class Cabriolet и на кабриолетот од серијата 8 на BMW, стартува со продажба во Европа налето. Кабриолетот имаше светска премиера на салонот во Лос Анџелес во ноември. Lexus не посочи дали ќе следи и верзија со хибриден погон, меѓутоа е сосем извесно дека и таа ќе следи по неколку месеци.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Галерија од нашето есенско патешествие со Lexus UX 250h низ Македонија

https://automedia.mk/objavi/lexus-ux-esenski-ruti/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

rivian r1t plaza

Rivian се впушта по Tesla со поддршка од моќни инвеститори

избор за светски автомобил на 2020 година

Светскиот избор на автомобил на годината влегува во финале