Технологијата e достапна за сите модели на Lexus, развиена e од Panasonic и ги пречистува и најситните честички. Филтерот задржува 99% од вирусите и бактериите, покрај тоа се спречува сушење на кожата и косата, се поништуваат непријатните миризби.
Возачките и возачите на Lexus можат спокојно да си земат здив. Системот за пречистување на воздухот Nanoe X отсега е достапен во сите модели на луксузната марка на Toyota. Технологијата што е развиена од Panasonic работи незабележливо, ги собира штетните и непријатни честички и на тој начин придонесува за здрава клима и пријатно чувство.
Системот беше вграден првпат во Lexus ES, а сега како дел од Lexus Climate Concierge е достапен и во компактниот кросовер UX, во новата генеација на RX и во целосно електричниот RZ.
Начинот на работа се заснова врз молекули на вода, што содржат микроскопски ситни радикали на хидроксил. Тие се испуштаат заедно со воздушната струја во кабината и можат да неутрализираат вируси, бактерии, полен и други алергени. Nanoe X исто така спречува и ширење мувла. Се неутрализираат непријатните миризби и се спречува сушење на воздухот, што овозможува кожата и косата да ги задржат природната влажност.
Делотворноста на системот Nanoe X е потврдена повеќекратно, меѓу другото и од јапонската лабораторија за храна. За еден час се пречистуваат 99% од вирусите и бактериите и интензитетот на миризбата се намалува за 1,8 процент. Бројноста на радикалите на хидроксил што се пуштаат е зголемена за десетпати во споредба со претходната генерација модели: Од 480 милијарди во секунда на 4,8 билиони.
Радикалите на хидроксил постојат во изобилство во природата и се користат за подобрување на квалитетот на воздухот во затрворени простории. Освен возила, тоа може да бидат канцеларии и кои било јавни простори. При нивното ослободување, радикалите реагираат со елементите во атмосферата. Станува збор за природен процес, што го спречува развојот на штетни материи, ги уништува и го неутрализира нивното штетно дејство.
Филтерот во Lexus ги собира и штетните материи коишто се наоѓаат во ултраситните честички PM2,5
Напредната технологија за пречистување на воздухот е корисна при секое возење, посебно во густ градски сообраќај. Голема корист од Nanoe X има и во случај кога во возилото се превезуваат разни патници, односно за такси превоз и за рентакар.