за

Електричните автомобили главни на саемот ЦЕС во Лас Вегас

Електричните модели на концернот Stellantis и на BMW ќе бидат меѓу главните новитети на саемот во Лас Вегас, што првично не беше замислен како големо автомобилско шоу.

Саемот на потрошувачка електроника во Лас Вегас лани се одржуваше и виртуелно и со публика. За годинава, организаторите очекуваат повеќе од 100.000 посетители на ЦЕС.

Саемот ЦЕС во Лас Вегас повторно ќе се најде во улога на светска бина за прикажување на најновите достигнувања во мобилноста, почнувајќи од скутери до вселенска технологија.

Главните најави ги имаат Stellantis, со концептот на Peugeot и со нов пикап од специјализираната марка Ram, како и BMW. Светот ќе ги запознае и соларно-електричните возила од Холандија, а се очекуваат и големи вести од добавувачите и техно-компании Bosch, Continental и ZF Group. Сето тоа прави настанот во Лас Вегас да прерасне во своевиден авто-салон на европските производители.

Саемот на потрошувачка електроника почнува во првиот четврток во 2023 година, на 5-ти јануари. Посетителите ќе доживеат силно присуство на електрични возила и воопшто нагласок ставен на електромобилноста.

Новината на BMW се најавува како „Neue Klasse“, односно „нова класа“. Станува збор за технолошки напредна платформа, што ќе се користи за идните модели на Баварците. Првиот модел што ќе се појави во продажба со новата платформа се очекува за 2025 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Peugeot (@peugeot)

Peugeot го подготувува концептниот автомобил Inception, преку којшто Французите ќе го прикажат дизајнот на идните модели на марката. Покрај тоа, од концернот Stellantis ќе биде изложен и електричен пикап од марката Ram. Тој влегува во продажба веќе во 2024 година.

Извршните директори на двата концерни, Карлос Таварес од Stellantis и Оливер Ципсе од BMW, ќе имаат воведен говор за отворањето на шоуто

Технологијата што се прикажува на ЦЕС обично изгледа како да е на границите на научната фантастика. Наспроти тоа, автомобилите што јавноста ќе ги запознае на шоуто се поблиску до реалноста.

Гери Шапиро, претседател на асоцијацијата за потрошувачка технологија, којашто го организира шоуто, кажува дека „цената на нафтата е во хаос веќе една година и луѓето бараат електрични возила, како поразумен избор, во позадина на инфлацијата“.

Холандската компанија Lightyear, којашто произведува соларно електрични автомобили, во Лас Вегас доаѓа со модел од втората генерација. Неговиот досег изнесува околу 500 милји, односно околу 800 километри, а цената е под 40.000 долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lightyear (@lightyear_cars)

Поранешни вработени во Lightyear, Роберт Хеверс и Крис Клок, основаа сопствена компанија за соларни автомобили, под името Squad Mobility. Тие ќе настапуваат со сосем различен концепт, којшто се заснова на заменлива батерија, односно можност празната батерија да се замени со полна.

Акумулирањето енергија и користењето енергија од еден ист производ, нуди независност и слобода“, така Хеверс го објаснува својот автомобил. „Уверени сме дека американските купувачи ќе го обожуваат тој концепт.“

Американската секретарка за енергетика Џенифер Гранхолм ќе одржи говор на 6-ти јануари. Владината политика, поттикна масовно вложување во полначи за електрични возила, како и во фабрики за батерии и за материјали за изработка на батерии. Компании од овие две сфери ќе бидат присутни на ЦЕС.

Владините претставници ќе присуствуваат на саемот за да ја видат „иновацијата што ветување решавање на глобалните проблеми“, објаснува Шапиро

На ЦЕС нема да се изложуваат само традиционални електрични автомобили. Bosch ќе изложува електрични велосипеди, компаниите од аеронаутиката Ryse Aero Technologies и Aska ќе привлекуваат внимание со електирчно летало што полетува и слетува вертикално. Доаѓаат и десетина компании од бродоградбата, меѓу кои стартап-компанијата Navier и веќе докажани играчи, од ковот на Brunswick Corp.

На саемот што трае до 15-ти декември се очекуваат 275 компании од подрачјето на мобилноста, а организаторот очекува и нови компании да се пријават за учество.

Автономните возила се стандарден репертоар на ЦЕС. Тие може годинава да се најдат во сенка на електричните возила, но не и на 7-ми јануари. Тогаш се одржува трката со автономни возила на тркачката патека во Лас Вегас. В година ќе биде вторпат како се одржува оваа трка во рамките на ЦЕС. Девет тимови ќе се натпреваруваат со сложеноста и со брзината на своите возила што управуваат самостојно.

Организаторите на трката ценат дека автомобилите се подобруваат во поглед на проценувањето на движењето на конкурентите при високи брзини. Кога идните автономни возила ќе бидат пуштени во јавен сообраќај, тие ќе бидат повеќе способни да реагираат во непредвидливи ситуации.

Тоа е придобивката од тоа што го работиме, да ги наулиме автомобилите да реагираат на нешто што не го очекуваат при мошне високи брзини“, вели Пол Мичел, директор на трката со автономни возила. „Дел од овие технички иновации се приближуваат сé повеќе до тоа што можат да го постигнат тркачките автомобили што се управувани од човек.“

ЦЕС отсекогаш служел како место за бизнис средби. Во последниве години, во услови на Ковид и домашна работа, настанот во Лас Вегас доби и дополнителна содржина. На ЦЕС се собираат колеги што работат во иста компанија, а нереткос е случува тие првпат да се сретнат во живо за време на шоуто.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Изворот на загадувањето ќе го најдат во подземните паркиралишта

Целата гама на Lexus со филтер што собира и најситни честички