Технолошкиот предизвик што Lexus им го нуди на своите клиенти, преку дигиталните ретровизори во замена за класичните, бара доплата од 2.000 евра. Не станува збор само за дигитализација, туку за низа нови функции.
Камери место ретровизори. Lexus ES 300h е прв модел на премиум марката на Toyota на европскиот пазар, за кого што може да се доплати за дигирални ретровизори. Две мали камери со висока резолуција ја прикажуваат сликата на монитори од пет инчи (12,7 cm). Основната предност е во тоа што се добива поширок агол зад и покрај возилото, за подобар преглед при скршнување и возење наназад.
Според соопштението од Lexus, дигиталните ретровизори се достапни во нивото на опрема Luxury Line, со доплата од 2.000 евра. Технологијата првпат беше применета во големосериски модел во октомври 2018 година, прво во Јапонија.
Ретровизорите се помали и се смалува отпорот на воздух, но во исто време се зголемува и впечатливоста на автомобилот на улица
Мониторите се поставени на иста висина како класичните ретровизори, заради интуитивност. Надворешното куќиште е значително помало, со што се смалува отпорот на воздух, а воедно се подобрува и прегледноста и се намалува шиштењето на воздухот.

Леќите се заштитени од дожд, а се вградуваат и грејачи, во случај на мраз или при голема влажност, што се вклучуваат заедно со грејачот во задното стакло.
Кога ќе се вклучат трепкачите, на дисплеите автоматски се прикажува зголемено подрачјето покрај и зад возилото. Возачот може да активира автоматско вклучување на широкоаголниот приказ, при отворање врата, вклучување на трепкачите или при префрлување во рикверц.
Сликата на дисплејот се мести исто како кај класичните ретровизори, преку копчиња во вратата на возачот – со плус опција, местење на осветленоста. При паркирање, „ретровизорите“ се собираат.
Уште една корисна функција е прикажувањето на линии за водење при паркирање. Црвената линија означува оддалеченост од 20 cm, сината 50 сантиметри од задниот браник и странично од каросеријата. Сликата се прикажува и на средишниот дисплеј.
Помошните линии се појавуваат и при возењето, заради означување на растојанието од останатите возила. До 70 km/h, линиите прикажуваат растојание од пет, десет и 15 метри, додека при повисока брзина се појавува уште една линија, за растојание од 30 метри.
Ги прочитавте нашите тестови на моделите на Lexus?
Топ 10 Најприродни ситуации за Lexus RX 450h … и 10 други
По најубавите есенски рути низ Македонија со Lexus UX
https://www.instagram.com/p/B8jSuz5ntun/
















