за

Дизајнот на електричната Honda е „Најдобар меѓу најдобрите“

honda_e дизајн награда red dot
honda_e дизајн награда red dot

Honda освои три награди за дизајн во рамките на Red Dot Awards, вклучувајќи и врвно одликување за дизајнот на Honda_e. Легендарното име Fireblade исто така не мина без награда.

Градскиот електричен автомобил на Honda поседува најреволуционерен дизајн според експертите на Red Dot. Станува збор за највисокото одликување во рамките на оваа манифестација, што се вбројува меѓу најценетите во светски рамки во подрачјето на дизајнот. Наградата „Red Dot: Best of the Best 2020“ се доделува во секоја категорија на производи во изборот, со дизајн што означува пресвртница.

Honda_e доби награда и во категоријата на „интелигентни производи“, заедно со мотоциклот CBR1000RR-R Fireblade SP. Овие награди го потврдуваат успехот на Honda во постигнувањето на целта да се создаваат убави производи што се дизајнирано без компромиси.

Се избираат најдобрите дизајни на производ, на идентитет на марка и на маркетиншки настап

Манифестацијата Red Dot се одржува секоја година, со прогласување на најдобрите дизајни на производ, марка и маркетиншка кампања. Победничките производи се изложуваат во музејот за дизајн на Red Dot во германскиот град Есен. Во изборот решаваат гласовите на жирито од 40 експерти од цел свет, кои ги тестираат и ги оценуваат предложените производи.

Електричната Honda_e градски автомобил со погодена комбинација од ретро-елементи во изгледот и современа технологија. Впечатливи се предните и задните светла со диодна техника, заедно со стаклениот капак на приклучокот за полнење. Отсуството на ретровизори и нивната замена со систем од камери и дисплеи исто така остава печат во изгледот.

Honda e
Honda e

Современиот стил на Honda_e освојува награди уште од премиерата на концептот Urban EV на салонот во Франкфурт во 2017 година, кога истиот беше прогласен за „најдобар концептен автомобил“. Две години подоцна, прототипот на електричниот урбан-мобил беше изложен на прочуената недела на дизајнот во Милано – јапонската марка првпат учествуваше на толку значаен настан од сферата на дизајнот.

Што се однесува до CBR1000RR-R Fireblade SP, тоа е најновата машина што го носи името Fireblade, во традицијата што влече корени уште од 1992 година. Овие мотоцикли отсекогаш поставувале стандарди во еднолитарската класа во поглед на возните својства на јавни патишта. Новиот модел е развиен под мотото „Born to Race“, има силен нагласок на перформансите на тркачка патека и настапува со радикален дизајн.

Honda Е во сериска изведба премиерно во Франкфурт

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кусите возења во актуелните услови се штетни за филтерот за честички

lexus es 300h дигитални ретровизори

Дигиталните ретровизори во Lexus ES 300h со доплата од 2.000 евра