Оваа најава е дел од сеопфатната стратегија, за марката Ланчиа да се врати на сцената, што за разлика од изминатите години, ќе биде присутна и надвор од италијанскиот пазар.
Ланчиа почна со испорака на новата генерација на градскиот модел Ипсилон. Тоа е прв нов модел на марката по подолго од една деценија. Во почетокот, Ипсилон што е базиран врз платформата на Пежо 208 и Опел Корса, ќе се продава во шест држави, меѓу кои Германија, Франција и Шпанија.
Стелантис има план во следните години да отпочне со производство на пет нови модели од средната класа во фабриката во Мелфи. Тоа ќе бидат модели од повеќе марки, секако вклучувајќи ја Ланчиа. Некои модели, освен во Европа ќе се продаваат и на пазарите на Средниот Исток. Сите тие ќе ја користат платформата СТЛА Медиум. Овие возила ќе се произведуваат во изведба со целосно електричен, хибриден и чисто бензински погон.
Стелантис месецов соопшти дека новата генерација на својот Џип Компас, модел од средната класа, ќе го произведува во Мелфи, почнувајќи во 2025 година. Третиот потвден модел од фабриката е нов автомобил од премиум марката ДС.
Стелантис се најде под остра политичка критика во Италија, поради смалувањето на продукцијата во земајата, забавената побарувачка за возила и плановите за некои модели што се поврзуваат со италијанската автомобиска историја да се произведуваат вон Италија.
Видео од фабриката во Мелфи
Продукцијата на концернот во Италија годинава ќе биде сведена под 500.000 возила, според пресметките на синдикатот ФИМ-ЦИСЛ, наспроти 751.000 возила во 2023 година.
Во периодот од јануари до септември, продукцијата во фабриките на Стелантис во Италија опадна за преку 30 проценти, со тоа што само продукцијата во Мелфи имаше пад од 67 проценти, соопшти ФИМ-ЦИСЛ.
















