Lada Niva стартува на Дакар Рели 2022

Lada ќе обезбеди целосна поддршка за приватниот тим од Швајцарија, што планира на Рели Дакар 2022 година да стартува со Lada Niva произведена во 1984 година. Марката од Тољати е опфицијален партнер на тимот.

Историски примерок од еден од најкултните теренски автомобили на сите времиња, Lada Niva или официјално VAZ-2121, ќе стартува во новата натпреварувачка категорија на Рели Дакар 2022. Возилото е подготвено од самиот тркачки тим и ќе учествува во новата категорија возила што учествувале на трка пред 2000 година. Швајцарскиот тим во Lada Niva го сочинуваат Марио Јакобер и Слаѓан Миљиќ.

Новото име на тимот е во духот на 1980-те години, кога Lada Niva масовно се појавуваше на најразлични натпревари. Името на тимот за Дакар Рели 2022 година гласи NIVA RED LEGEND Team.

„Посебно сме горди што марката Lada верува во нас и реши да ни даде поддршка! Тоа несомнено ќе ни влее доверба и ќе помогне за колку е можно повеќе луѓе да дознаат за нашиот проект. Подготовките ги започнавме во зимото и по девет месеци сме подготвени за возење. Нашето прво одредиште ќе биде градот Тољати, каде што планираме да го посетиме музејот на Avtovaz и лично да ги видиме ‘борбените’ примероци од Niva од минатиот век, што ни дадоа инспирација да учествуваме на релито Дакар“, изјави Марио Јакобер, возач на NIVA RED LEGEND Team.

Руските медиуми беа буквално преплавени со вестите за швајцарскиот тим, кога пристигнаа првите најави за планот на Швајцарците да учествуваат на Рели Дакар. Тоа ги наведе да реагираат и во маркетиншното одделение и да го поддржат тимот. Во Тољати најмногу ги убеди „човечката приказна“ што стои зад проектот. „Ги поддржуваме поради тоа што тие ги застапуваат нашите вредности на натпревар, авантура и пријателство“, изјави Фабијан Гулми, бренд директор и маркетинг директор на марката Lada.

Авантурите на тимот, освен на официјалните канали на Lada, може да се следат на нивниот профил на инстаграм под @nivaredlegendteam , како и на каналот Јутјуб.

Претходна објаваВо Audi се обучуваат 694 квалификувани мајстори во новата учебна година
Следна објаваTesla Model S Plaid постави брзински рекорд на Нирбургринг

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here