за

Во Audi се обучуваат 694 квалификувани мајстори во новата учебна година

Наесен во фабриките на Audi во Инголштат и Некарсулм пристигаат нови 694 ученици да се обучуваат за квалификувани мајстори и уште 42 лица на двојна студиска програма.

Денес тоа се мехатроничари, стручни информатичари и индустриски асистенти за набавка – во изминативе повеќе од 70 години во фабриките на Audi во Германија се обучуваа илјадници млади лица за квалификувани работници.

На 694 млади лица им претстои ново возбудливо поглавје во животот. Во следните три години, во фабриките на Audi во Инголштат и Некарсулм ќе се обучуваат вкупно 694 млади лица за своите идни професии.

Денешниот свет на професионалната работа се наоѓа во постојана променa. Audi се приспособува според промените и на младите лица им нуди можност во иднина да преземаат одговорни задачи во новите работни подрачја, како што се електромобилноста или дигитализацијата. Годинава во групата за обука за стручни информатичари се примени 66 лица. Тежиштето на нивната обука е поставено на дигиталното вмрежување. Во овој предмет се изучуваат спојните точки меѓу ИТ и производството на возила, се развиваат сложени процеси и се оптимира производството.

Еден од секои четири ученици има предмет дигитализација во програмата

Дигитализацијата влегува и во образованието. Сите ученици и студенти во новата учебна година во Audi добиваат лаптопи или таблети со коишто добиваат пристап до материјалот и надвор од кругот на фабриката. Зависно од правецот, учениците можат до 20 проценти од обуката да ја минат користејќи дигитални уреди. Главнината од учењето сепак се одвива во самите фабрики.

Покрај стручна квалификација, Audi нуди и дуални студиски програми. Содржините што се изучуваат теориски можат да се реализираат практично во фабриките. Во мастер студиите се опфатени подрачја како роботика, когниција, интелигенција. Годинава 42 млади лица ги почнуваат своите дуални студии во Audi.

Премиум марката на тој начин се подготвува за претстојната целосна електрификација и дигитализација.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Фабриките скусуваат по уште еден ден поради недостигот од чипови

Lada Niva стартува на Дакар Рели 2022