Кинескиот автомобилски пазар продолжува да расте

BMW лани во Кина продал 174.000 примероци од Серијата 5

Најголемиот автомобилски пазар во светот заздравува со огромна брзина по првичниот удар од корона-кризата. Во октомври во земјата биле продадени 2,02 милиони патнички автомобили, СУВ-модели и семејни ванови.

За осум проценти се зголемила продажбата на автомобили во минатиот месец во Кина, најголемиот автомобилски пазар во светот. Со тоа се потврди и растечкиот тренд во продажбата, кој трае веќе четири месеци во низа.

Кина очигледно не се предава под корона-пандемијата. Владата се залага за силно зголемување на потрошувачката. Како резултат од тоа напредува економијата во Народната Република, а дополнително зајакнува и светската трговија. Кина е најголем единечен пазар за најголемите автомобилски концерни, меѓу нив Volkswagen (со силно присуство на Audi и Porsche), Daimler и BMW.

Друга статистика, што ги вклучува и тешките товарни возила, покажува дека продажбата на сите производители на возила во Кина во октомври се зголемила за 11,4 проценти во споредба со истиот месец лани.

>>> Mercedes со премиум шоферски превоз во три кинески мегалополиси

Mercedes-со-лимузинска-услуга-во-три-кинески-мегалополиси

Претходна објаваЏо Бајден е голем љубител на брзи автомобили
Следна објаваПочетната плата во фабриката на Tesla во Германија е 2.700 евра

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here