Kia во ноември продаде 250.000 возила на светскиот пазар

Kia во ноември продаде 250.000 возила на светскиот пазар

Феноменот наречен Sportage ја предводи продажбата на Kia во светски рамки и во ноември, со 35.930 примероци. По него следи уште еден СУВ, Seltos со 31.861 примероци, третото место го држи лимузината K3, базирана врз Rio, со 22.804 примероци.

На домашниот пазар за марката во ноември се продадени за 3,9 проценти повеќе возила, односно продажбата достигнала 50.523 примероци. За овој голем раст во време на корона-кризата придонесуват новите генерации на семејниот ван Kia Carnival, на СУВ-знаменосецот Kia Sorento, како и на лимузината K5, што кај нас е позната како Optima.

Извозните пазари ѝ донеле на Kia раст во продажбата од 1,6 проценти, со вкупно 205.496 возила. Најголем удел во зголемувањето на продажбата имаат бестселерот Sportage, кого што во браник го следи Seltos, а по нив следи и лимузината K3, којашто е достапна на неколку големи светски пазари и се базира врз Rio.

Менаџерите се посебно задоволни од продажбата во САД во отежнатите пазарни услови за време на пандемијата. Главни мотори на продажбата таму се СУВ-моделите Telluride и Seltos. Компанијата очекува растечкиот тренд во продажбата да продолжи и во Индија, откако во август стартуваше СУВ-моделот Sonet.

Kia во исто време продолжува и со примената на „Plan S“, кој во среден до долг рок ќе ја претвори компанијата од производител на автомобили во понудувач на мобилност. Првиот целосно електричен модел на самостојна платформа ќе биде претставен в година.

>>> Kia Sorento е најдобриот автомобил на годината за CarBuyer

Претходна објаваМак Аутостар прави и продажбата на користени да биде премиум
Следна објаваPorsche донира 911 евра за секоја онлајн-нарачка на возило

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here