СУВ-моделите веќе традиционално ја предводат продажбата на корејскиот производител Kia. Најпродаван модел останува Sportage со 47.352 примероци, по него следат компактниот Seltos и луксузниот Sorento, којшто е воедно и најпродаван модел на Kia на домашниот пазар.
Корпорацијата Kia објави септемвриска продажба од 261.322 возила, што претставува зголемување од 4,8 проценти во споредба со лани.
Доколку се изземат возилата за посебна намена (такси, рентакар и сл) извозот напредувал за 3,5 проценти во споредба со септември лани, со вкупно 216.568 возила продадени надвор од Кореја. На домашниот пазар, Kia продаде 44.123 возила, со повеќе од двојно зголемување (+11%) во споредба со вкупната продажба.
Најголемиот раст во продажбата го донесоа СУВ-моделите, предводени од Sportage со 47.352 возила. Компактниот СУВ-модел Seltos, што е позициониран малку повисоко од европскиот Stonic и се продава главно во САД, донесе продажба од 31.162 возила, додека луксузниот Sorento – на моменти продаван на домашниот пазар подобро и од Sportage – постигна 22.495 продажби.
Продажбата на извозните пазари порасна за 3,5 проценти, со вкупно 216.568 примероци.
Kia Sportage Hybrid во нашиот онлајн-каталог со сите нови автомобили на македонскиот пазар · Технички податоци, опременост, цени, можност за споредба на повеќе модели
Темпото на продажбата на странските пазари го држи „закоравениот бестселер“ Sportage со 41.950 примероци. СУВ-моделот се произведува во две варијанти, едната за Северна Америка и Азија, подолга и со различно дотерување на подвозјето и моторите, втората наменета за Европа, малку покуса, со поголем нагласок на динамиката и штедливоста.
Втор најпродаван модел е Seltos, со 26.763 примероци, по него следи K3 (на извозните пазари познат и како Forte, во класа со европскиот Ceed), којшто постигна 17.290 продажби.
На корејскиот пазар се продадени 44.123 возила, за 11 проценти повеќе од лани. Како што се случуваше неколкупати претходно, престижниот Sorento е најпродаван модел на Kia на домашниот пазар, со 10.190 примероци. Sportage мора да се задоволи со второто место, со 5.402 примероци, трет е Seltos со 4.399 примероци.
Нов поттик за продажбата ќе дадат новата генерација на лимузината K5 (Optima) и семејниот ван Carnival. Kia очекува седумседот EV9 да ја прикаже марката во уште поубедливо светло на пазарот на електрични автомобили.
















