за

Volkswagen ангажира поранешен кадар на Tesla и Rivian за да работи на софтверот

Санџај Лал во следниот месец ќе се префрли од Rivian во Volkswagen. Тој има работено и на андроид-аутомотив.

Групацијата Volkswagen постави поранешен главен инженер во Tesla за да раководи со развојот на новиот софтвер за електричните возила на германскиот производител.

Санџај Лал од ноември ќе го замени сегашниот работодавец Rivian Automotiv со новиот работодавец Volkswagen Group. Индиецот ќе помага за концернот да ја развие новата генерација на софтверската платформа што ќе се користи за идните модели од марките на групацијата.

Лал две години работеше како главен инженер во Tesla, со средината на 2019 година, пред да почне да работи во Google, како експерт за проектот Android Automotive.

Софтверскиот експерт ќе раководи со Cariad, специјализирано одделение на VW, во развојот на новата софтверска платформа за идните електрични модели на групацијата.

Готовите софтверски продукти од Cariad ќе се применат прво во два нови електрични модели од марките Audi и Volkswagen. Напредниот софтвер понатаму ќе претставува основа, од којашто ќе може да се развиваат и понапредни и поедноставни системи, за тие масовно да се користат во моделите од одделните марки на VW Group.

Извршниот директор Оливер Блуме презема чекори за да ги надмине проблемите што го задржуваат концернот да се впушти во целосна битка со конкуренцијата на сцената на електричните автомобили, што се менува многу брзо. Покрај слабиот развој на софтвер, концернот се соочува и со неефикасно производство кај марката Volkswagen, како и со слабеење на пазарот во Кина.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota ќе воведе револуција во производството на електрични автомобили

Kia во септември продаде преку 260.000 возила, раст од 5 проценти