Во септември во Австралија биле продадени 110.702 патнички и лесни товарни возила. Во споредба со истиот месец лани, пазарот напредувал за 18,3 проценти, до нов рекорд за септемвриската продажба на континентот.
Во првите девет месеци од 2023 година на австралискиот пазар се продадени близу 900.000 нови патнички и лесни товарни возила. Од последните пет месеци, четири беа рекордни.
„Рекордниот резултат покажува дека купувачите на автомобили во Австралија ја ценат широката понуда од возила во ценовниот опсег што им е достапен на семејствата или на компаниите“, кажува Тони Вебер, претседател на Федералната Комора на автомобилската индустрија.
Тоа што го одликува австралискиот пазар е широкиот дијапазон на модели што се во понуда, од малечки градски автомобили, до тешки пикапи – вкупно 20 различни сегменти на патнички и лесни товарни возила.
СУВ, пикапите и доставните возила учествуваат со 79,4 проценти во продажбата. На патнички автомобили отпаѓаат само 16,8 проценти од пазарот.
Изненадува одличната прифатеност на елеткричните автомобили
Батериските електрични автомобили учествуваат со 8,0 проценти во продажбата на возила. Уделот е уште поубедлив, кога ќе се вклучат и хибридните и приклучните хибридни автомобили, што заедно сочинуваат 18,3 проценти од септемвриската продажба.
На територијата на престолнината се продадени за 20,6 проценти повеќе возила (1.806); Нов Јужен Велс +24,3 проценти (35.968); Квинсленд +13,5 проценти (23.415); Јужна Австралија +11,2 проценти (6.676); Тасманија +21,0 проценти (1.972); Викторија +16,0 проценти (29.426); Западна Австралија +22,4 проценти (10.577) и Северна Територија +3,6 проценти (862).
Isuzu Ute D-Max меѓу најпродаваните модели во Австралија
View this post on Instagram
Toyota е најпродавана марка во септември со вкупно 20.912 возила. Следи Mazda со 8.031 возила, потоа се Ford (8.015), Kia (7.303) и Hyundai (6.217).
Најпродаван модел е Toyota Hi-Lux со 5.776 примероци. Второто место му припаѓа на Ford Ranger (5.429), следат Tesla Model Y (3.811), Isuzu Ute D-Max (2.885) и Toyota RAV4 (2.798).
















