По рекордната 2022 година, следи уште една рекордна година. Американскиот огранок на Kia го имаше историски најдоброто прво полугодие на тамошниот пазар.
Од јануари до јуни, Kia на пазарот во САД продаде рекордни 394.333 возила, за 18 проценти повеќе отколку во истиот период лани. Само во јуни беа продадени 70.495 возила, што претставува раст од 8 проценти во споредба со ланскиот јуни.
Тоа се 11 месеци во низа, како што продажбата на возила расте постојано.
Осум модели во американската постава на Kia ја зголемија продажбата во првото полугодие од 2023 година:
- Carnival (+74 проценти)
- Seltos (+64 проценти)
- Sportage (+37 проценти)
- Soul (+26 проценти)
- Forte (+20 проценти)
- Telluride (+18 проценти)
- Sorento (+10 проценти) и
- Niro (+9 проценти).
Одлични резултати бележат и хибридните и батериски електрични модели на Kia, чијашто продажба се зголемила за 40 проценти. Тоа е поголем напредок дури и од СУВ-моделите, од коишто од јануари до јуни годинава се продале за 25 проценти повеќе примероци отколку лани.
Во втората половина од годината почнува и продажбата на СУВ-седумседот EV9, со батериски електричен погон и напредна технологија, којшто ќе даде дополнителен придонес во растот на продажбата на Kia.
Продажба по моделски серии во првото полугодие
| Модел | 2023 | 2022 |
| EV6 | 8,328 | 12,568 |
| Rio | 14,196 | 14,918 |
| Forte | 62,061 | 51,806 |
| K5 | 30,897 | 35,312 |
| Stinger | 4,554 | 5,163 |
| Soul | 34,747 | 27,608 |
| Niro | 19,325 | 17,666 |
| Seltos | 32,423 | 19,766 |
| Sportage | 71,889 | 52,356 |
| Sorento | 42,807 | 39,045 |
| Telluride | 55,284 | 46,893 |
| Carnival | 17,822 | 10,238 |
| Вкупно | 394,333 | 333,340 |
















