- Септемвриската продажба на Киа брои 368.238 возила и раст од 7,3 проценти од лани
- Убедлив раст на домашниот пазар од 28,5 проценти и близу 50.000 продадени возила
- Пораснаа и извозните пазари, со продадени 218.782 возила и раст од 3,7 проценти
- Најпродавани и натаму се СУВ-моделите, Спортаж, Селтос и луксузниот Соренто
Во време кога повеќето производители пријавуваат пад или во најдобар случај стагнација во продажбата, Киа пријавува раст од 7,3 проценти и 268.238 возила во септември 2025 година.
Силниот и постојан раст во продажбата на електрични и хибридни модели придонесе за вкупниот раст на продажбата на Киа на светскиот пазар. Побарувачката за СУВ-моделите, посебно за Спортаж и Селтос, и натаму е на високо ниво.
СУВ-моделите и во септември владееја со продажбата на Киа, со продадени 49.588 примероци само од бестселерот на марката, Спортаж. Селтос се држеше добро со 27.052 возила, а веќе одамна не е изненадување високото трето место за луксузниот Соренто, со продадени 20.393 примероци во септември.
Продажба надвор од Кореја
На извозните пазари, не сметајќи ги возилата за посебни намени, продажбата порасна за 3,7 проценти, со 218.782 возила.
Залетот на марката и натаму го држи компактнито СУВ-модел Спортаж, со 43.172 возила. По него следи Селтос, уште еден СУВ-модел, од класа подолу, со 22.087 возила. Триото го заокружуваат К4 и К3, којшто на одредени пазари се продава како Форте, со 18.662 возила.
Продажба во Кореја
Во септември, Киа продаде 49.001 возило на домашниот пазар, и тоа е раст од 28,5 проценти во споредба со лани. За убедливиот раст придонесе и фактот што годинава имаше поголем број работни денови во споредба со минатиот септември, кога Јужна Кореја го прославуваше националниот празник Чусук, познат и како корејска задушница.
Токму престижниот Соренто СУВ е најпродаван модел на домашниот пазар, со продадени 8.978 примероци во септември. По него следи уште еден луксузен модел, повеќенаменсиот Карнивал, со 6.758 продажби. Спортаж е трет со 6.416 возила.
Видеото од тестот на Киа Спортаж ГТ Лајн во новото моделско годиште
Киа го забележи својот најуспешен трет квартал во продажбата, откако компанијата започна со работа во 1962 година. Од јули до септември биле продадени 784.988 возила на светскиот пазар, што претставува раст од 2,8 проценти во споредба со 2024 година.
Корејскиот производител на автомобили очекува дека ќе го задржи силниот пазарен залет и во четвртиот квартал, со својата понуда од електрични модели, вклучувајжи ги новите ЕВ4, ЕВ5 и доставното возило ПВ5.
















