Тесла паѓа во Германија, додека расте пазарот на електрични автомобили

Продажбата на Тесла на најголемиот автомобилски пазар во Европа паѓа, во време кога целиот пазар на БЕВ расте. Би Уај Ди стана најпродавана кинеска марка.

По истекувањето на рокот од калифорниските власти, Тесла може да добие забрана за продажба на автомобили во сојузната држава.

Бројот на новорегистрирани автомобили на Тесла на германскиот пазар во септември падна за 9,4 проценти, на 3.404 возила.

Во исто време, продажбата на батериски електрични автомобили во Германија забележа одличен раст со 32 проценти и 45.495 возила.

Целиот автомобилски пазар во земјата имаше раст од 13 проценти во септември, со 235.528 возила. Најпродавана марка секако е Фолксваген, со 45.225 возила, и тоа е раст од 16 проценти.

Кинеските марки продолжуваат со освојување на германскиот пазар. Би Уај Ди (Кинезите изговараат Бијади) беше најпродавана кинеска марка, со 3.255 новорегистрирани возила. Тоа е повеќе од 20-кратно зголемување на пазарот во споредба со истиот месец лани.

Би Уај Ди освоија 2,9 проценти од пазарот на батериски електрични автомобили во Германија и се 6-та најпродавана марка во продажбата на приклучни хибриди. Истото место важи и за вкупниот пазар.

Би Уај Ди соопшти дека малечкиот електричен модел Долфин Сурф е тој што ја качува продажбата на марката во Германија.

Во периодот од јануари до септември, бројот на новорегистрирани Тесли е опаднат за 50 проценти во споредба со лани, со 14.845 возила.

Продажбата на Тесла постигна раст на некои помали пазари во Европа во септември, што се должи на освежениот Модел Ипсилон. Но, производителот од САД трпи притисок од растечката конкуренција, лошиот имиџ од политичкиот излет на извршниот директор Илон Маск и од застарената понуда од модели.

Видеото од тестот на најдостапниот електричен автомобил во Македонија, Донгфенг Бокс

Претходна објаваДачиа покажа како би изгледале новите и евтини електрични автомобили
Следна објаваКиа годинава го имаше најуспешниот трет квартал во историјата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here