Киа ПВ5 може да стане новото такси возило во Њујорк

Дали Киа ќе биде следниот производител што ќе се приклучи во прочуениот возен парк од жолти такси возила во Њујорк?

Електричниот ван Киа ПВ5 развиен како концепт за такси возило во Њујорк нуди лесен пристап со инвалидска количка и безбедно прицврстување

Корејскиот производител се здружи со Браун Абилити во развојот на ПВ5 ВАВ, концепт на такси возило што овозможува лесен пристап за лица во инвалидска количка. Возилото е прикажано на салонот на автомобили во Њујорк и проверува како јавноста и бизнисот ќе одговарат на нивниот предлог за нови такси возила во градот.

Компаниите соопштија дека ПВ5 ВАВ Њујорк Такси и концептот на Рајдшер (услуга на превоз по повик) се осмислени со цел да им го олесни пристапот во возилото на лица во инвалидска количка, додека во исто се време нуди и одржливост, затоа што се работи за целосно електрично возило.

Киа порача дека платформата на возилото е проектирана со намера да служи одговара како основа за секаков вид каросериски наградби. Во ванот се вградени ремени за прицврстување на инвалидската количка и воздушни перници заради максимална безбедност.

Возилото на салонот се прикажува како концепт, меѓутоа е очигледно дека се работи за возило што е целосно подготвено за продажба и пуштање во промет.

Киа веќе извесно време го извезува електричниот ПВ5 од Јужна Кореја на европскиот пазар. ПВ5 е првиот модел на Киа што е конструиран врз платформата ПБВ (Платформ Бијонд Виакл, односно „платформата е најважна“) и планирано е во иднина да се создаде цело семејство од доставни модели врз истата. Меѓу главните предности на платформата е можноста за лесно изведување на различни каросериски варијанти, од луксузно патничко комбе, до товарен фургон.

Продажбата на ПВ5 во САД се очекува да стартува во второто полугодие од 2027. Доколку Киа го увезува ПВ5 од Кореја и го понуди како патничко комбе, ќе се избегне т.н. „данок за пилешко“ во САД. Производителот тврди дека ПВ5 може да се изведе и како товарно возило, и како такси превоз.

Можно е локално производство на електричниот ван во фабриката на Киа и Хјундаи во Џорџија, или во фабриката на Киа во Монтереј, Мексико.

Киа и Браун Абилити ќе стапат во контакт со владини агенции, со компании со возни паркови, со организации за помош на лица со телесна попреченост и други чинители, со цел да стекнат сознанија и искуства, и да го усовршат возилото.

Во градот Њујорк се регистрирани 13.587 такси возила.

Меѓу најзастапените такси возила е Нисан НВ200. Јапонскиот производител победи на тендерот во 2011 година, што вредеше 1 милијарда долари со важност за 10 години.

Договорот се однесуваше за илјадници миниванови со лизгачки врати, со просторна кабина и воздушни перници за патниците назад, како возила за такси службата во градот.

Електричната Киа ПВ5 победи во изборот за Светски Ван на 2026 година

Американ Лиз, најголем оператор со возен парк во Њујорк, купи 2.800 непродадени Фискер Оушни од производителот што банкротираше. Компанијата ги изнајмува овие возила за такси возила за превоз по повик и за најмување шофер.

Претходна објаваФерари во дречлива зелена боја е уникат и го продава една светска ѕвезда
Следна објаваВо март продадени над 70.000 електрични автомобили во Германија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here