Тој е еден од вкупно 499 примероци од Ферари ЛаФерари и сигурно е единствен што е лакиран во оваа боја. На големото наддавање што ќе се случи на 25-ти април во Монако, внимание ќе привлече еден ЛаФерари од познат сопственик. Хиперавтомобилот со хибриден погон и впечатлива боја со име Екстра Кампионарио Сигнал Грин го нарачал фронтменот на Џамироквај, Џеј Кеј. Како што тврди аукциската куќа РМ Сотби, не постои друг ЛаФерари што е лакиран во ваква боја.
Хиперавтомобилот со 12-цилиндарец и хибрид располага со 963 КС и изработен е во само 499 примероци
ЛаФерари се појави во 2013 година како прв сериски модел на Ферари со хибриден погон. Системската моќност од 963 КС се постигнува со 12-цилиндарец и електромотор. Купето е изработено во само 499 примероци, а дополнително се произведени уште 210 возила во родстер-изведбата ЛаФерари Аперта.
На воланот се наоѓа натпис со името Џамирокваи
Возилото е испорачано на 24-ти јуни 2014 година од дилерот Дик Лавет Спортинг во Велика Британија. Покрај специјалната боја, Џеј Кај нарачал и покрив со видлива карбонска структура. Само 50 купувачи ја избрале таа опција. Има уште бројни детали од карбон, сопирачките клешти се лакирани жолто и тркалата со пет краци се од специјалната понуда.
Внатрешноста исто така се разликува, со кожа во црна и жолта боја, со штепови во зелена боја, со големи седишта, подигнување на возилото напред и назад при високи пречки, камера за тркачката патека и куфери по мера. На воланот е поставен натпис со име Џамироквај.
Автомобилот не е возен многу. Кога возилото добило нов сопственик во 2019 година, тоа имало поминато само 3.000 километри. ЛаФерари на Џамироквај се појавило пред публиката за време на Фестивалот на брзината во Гудвуд во 2014 година, кусо откако му било испорачано на Џеј Кеј. Во 2017 година, возилото било изложено во рамките на „Возење со ѕвездите“ во музејот на Енцо Ферари во Модена.

Се очекува цената да достигне 4,5 милиони евра
По продажбата, возилото останало во земјата и се одржувало во официјални сервиси на Ферари. Заменета е погонската батерија, и секако гумите. Само едно сервисирање чинело 117.000 евра.
Состојбата на батеријата е проверена во февруари и нејзиниот капацитет изнесувал 71 проценти од првичната вредност. При последниот увид, возилото имало поминато 11.154 километри. Аукционерите очекуваат дека за Ферарито на Џеј Кеј ќе достигнат 4,5 милиони евра.
















