за

Kia најпродавана марка во Хрватска во септември

На пазарот што во минатиот месец забележал пад од 10,3 проценти, Kia напредувала за девет проценти. Импресивен е растот во споредба со лани, плус 66 проценти.

Stonic е главниот мотор на продажбата на Kia на хрватскиот пазар во септември. Со продадени 83 примероци, кросоверот со техниката од Rio е на третото место, но и останатите модели се држат солидно.

Пријатна вест за фановите на Kia пристига од хрватскиот пазар. Таму веќе извесно време се случува голем раст во продажбата на Kia, но трендот стана посебно воочлив со септемвриските резултати од продажбата. Kia е најпродавана марка автомобили на пазарот во Хрватска, што се вбројува меѓу поголемите пазари во регионот. Вкупно 249 продадени возила за еден месец, повеќе од партнерот во концернот Hyundai, кој заостанува со 228 возила. 

Споредба на динамиката на продажба со истиот период лани покажува единствен раст на Kia во Хрватска. Со раст од 66%, корејската марка има најголем скок во продажбата меѓу Топ 10-те марки во септември. Единствено Mazda на десеттото место има раст од 131 проценти.

Од 4-то место во септември лани, Kia годинава е на првото место. Вкупно за девет месеци, продажбата на Kia во Хрватска пораснала за 64,3 проценти

Во вкупната продажба во првите девет месеци повторно води Volkswagen со 5.217 примероци, пред традиционално моќните марки за хрватскиот пазар, Skoda (3.956 примероци) и Opel (3.166 примероци), но затоа Kia следи веќе на четвртото место, со 2.440 продадени возила до септември. Следат Dacia (2.314), Renault (2.141), Suzuki (2.124), Hyundai (2.103), Peugeot (1.828) и Toyota со продадени 1.548 возила за девет месеци.

Во конкуренција на модели, во првите девет месеци од 2021 година е најпродавана Opel Corsa со 1.691 примероци, пред Skoda Octavia со 1.545 и VW T-Cross со 1.278 примероци. Следат Dacia Duster (1.265), Dacia Sandero (1.033), VW T-Roc (989), Renault Clio (916), Suzuki Vitara ( 884), Hyundai Tucson (837) и Kia Stonic со 794 примероци.

Најпродавани марки во Хрватска во септември 2021:

Марка Сеп. 2021 /20
Kia 249 66.00%
Hyundai 228 5.10%
Volkswagen 217 -62.30%
Renault 212 4.40%
Skoda 208 -52.10%
Dacia 198 19.30%
Opel 179 -1.10%
Suzuki 159 26.20%
Toyota 124 -6.10%
Mazda 118 131.40%
Peugeot 102 -27.10%
Audi 91 8.30%
Citroen 89 6.00%
Jeep 85 240.00%
BMW 78 30.00%
Nissan 60 -11.80%
Ford 60 50.00%
Mercedes 58 -12.10%
Seat 57 -38.00%
Fiat 35 -59.30%
Tesla 32 540.00%
Volvo 30 50.00%
Mini 20 53.80%
Honda 19 -24.00%
Cupra 14 new
Land Rover 12 9.10%
Mitsubishi 12 33.30%
Porsche 11 -8.30%
Subaru 7 250.00%
Jaguar 4 -63.60%
Lexus 3 n/a
Alfa Romeo 2 n/a

Најпродавани модели во Хрватска во септември 2021:

Марка Сеп. 2021 Вкупно ’21
Dacia Sandero 107 1,033
Dacia Duster 91 1,265
Kia Stonic 83 794
Suzuki Vitara 81 884
Jeep Compass 72 n/a
Opel Crossland 72 775
Hyundai Tucson 66 837
Renault Twingo 66 n/a
Opel Corsa 63 1,691
Kia Sportage 61 n/a
Hyundai Kona 59 n/a
Renault Megane 55 n/a
Skoda Octavia 54 1,545
VW T-Cross 53 1,278
VW Golf 47 765
Kia Ceed 45 456
Peugeot 2008 43 576
Renault Clio 40 916
Toyota Corolla 40 n/a
Mazda CX-30 39 n/a
Citroen C3 33 475
Suzuki Swift 32 559
VW Polo 32 742
Skoda Kamiq 30 693
VW T-Roc 18 989
Toyota Yaris 16 507
VW Tiguan 13 570

>>> Тест · Kia Sorento 2.2 CRDi Premium

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Webasto производство батерии

Производителот на батерии CATL вложува 5 млрд. $ во рециклирање

Почнува продажбата на новиот Peugeot 308 во Франција