за

Киа во март продаде близу 300.000 возила, Спортаж главен

Корејскиот производител ги објави продажбите за март, малиот пад се јавува поради натрупаните нарачки лани, кризата со микрочиповите.

Киа во март продаде 272.026 возила на светскиот пазар, што е за 2,4 проценти под истиот месец лани. За извоз заминале близу 82 проценти од продажбата.

СУВ-моделите Спортаж и Селтос биле напродавани модели на Киа и во третиот месец од годинава. Овие модели во најголем дел учествуваат во продажбата на Киа, којашто во март брои 272.026 возила.

Без возилата што се изработени за посебни нарачки и за посебни намени, вклучувајќи меѓу другото и воена машинерија, Киа во минатиот месец продала на пазарите надвор од Кореја вкупно 221.082 возила, што е за 1,2 процент под ланскиот резултат.

Спортаж е вечен шампион во продажбата, со 53.724 возила и удел од 19,7 проценти. Од секои пет продадени возила, едно е Спортаж.

Втор е моделот Селтос, што постигнува одлични резултати во САД и на азиските пазари. Моделот што е позициониран малку над европскиот Стоник, во март постигна 31.087 примероци. Луксузниот и соодветно скап Соренто, веќе не изненадува како трет најпродаван модел на Киа со 25.373 возила. Тоа воедно укажува и на зрелиот имиџ што го ужива марката на светскиот пазар.

Без домашиот пазар, Спортаж во март се продал во 46.988 примероци. Второто место во извозот пак му припаѓа на Селтос, со 26.339 возила, додека трет најпродаван модел надвор од Кореја е К3, познат и како Форте, со 21.081 возила.

На корејскиот пазар во март биле продадени 49.006 возила од марката Киа.

Во богатата Кореја, што ја има Киа како домашна марка, најпродаван е Соренто, со 8.974 примероци. Сé е престиж на домашниот пазар, втор е просторниот крстосувач Карнивал, дури по него е Спортаж, соодветно со 7.643, односно 6.736 возила.

Важни новитети за годинава се комплетно новата генерација на Киа К4, што меѓу главните пазари ги имаат САД.

На македонскиот пазар, според првичните неслужбени податоци, Киа е втора најпродавана марка во февруари, со 52 возила, единствено зад Шкода, со 67 возила и пред Рено, со 46 возила.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Унијата ќе воведе субвенции за користени автомобили за Македонија

Мерцедес разви гласовен асистент за кучиња