за

Kia третпат ја донесува Новата Година на Тајмс Сквер

Тоа е голем спектакл, кога масивната топка се спушта на Тајмс Сквер, додека се одбројуваат последните секунди до Новата Година. И потоа се гледа логото на Kia.

На њујоршки Тајмс Сквер официјално започна одбројувањето до почетокот на Новата 2023 година, затоа што Kia Telluride ја донесе „2023“ година до светски прочуената локација.

Во моментот кога масивната новогодишна топка над Тајмс Сквер ќе го заврши спуштањето и ќе се поклопат стрелките на часовникот, големите бројки 2023 ќе засветат високо во облакодерите. Kia веќе традиционално ги донесува „новогодишните бројки“ до Тајмс Сквер.

Годинава беше мошне долго патешествието што го мина Kia Telluride по овој повод. Големиот СУВ во врвната изведба X-Pro го почна патувањето со бројот на Новата Година на 28-ми ноември, од Kia Forum во Лос Анџелес. Тоа е спортска и концертна сала што производителот на автомобили го има земено под концесија. Секако дека тоа не е која било сала, туку е некогашниот дом на Лос Анџелес Лејкерс.

Kia Telluride X-Pro мина 2.795 милји од Лос Анџелес до Њујорк, 4.500 километри, со бројот 2023 натоварен на приколка. Трета година во низа, американскиот огранок на Kia е официјален спонзор на новогодишното одбројување и во таа чест минува долго патешествие, за возбудата од доаѓањето на Новата Година да се шири меѓу народот.

Така почна долгото патешествие

https://photos.app.goo.gl/sAetPistTBtmeGjd9

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kia America (@kiausa)

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

XM и i7: Временски машини со знакот на BMW

Шпедитерот Dachser нарачува 50 електрични камиони Mercedes eActros Long Haul