за

Киа одржа натпревар за најдобар сервисер во светот

Во Сеул по единаесетти пат се одржа светското првенство на Киа за највешти сервисери за автомобили.

Учесник во светскиот куп во вештина врши практично тестирање во центарот за обука на Киа во Осан, Кореја.

По шест години од последниот настан, Киа ги покани најдобрите сервисери од 40 држави во светот на финално одмерување на силите.

Првпат по пандемијата, Киа повторно одржа светски куп за највешти сервисери на автомобили. Во финалето во Сеул учествуваа победниците во националните натпревари во 42 земји од цел свет.

Во овој автомобилски натпревар од единствен вид, победниците се докажуваат како најдобри дијагностичари и највешти мајстори за отстранување на наместените дефекти во возилата.

Во тридневниот настан на Далечниот Исток секако дека се опфатени и запознавање со корејската култура, како и најразновидни настани што ги мотивираат и инспирираат сервисерите на Киа, да бидат најдобри во својата работа.

Единаесеттиот светски куп на Киа за највешти мајстори се одржуваше во центарот за обука на Киа во Осан и во хотелот Џеј-Ви Мериот во Сеул. Од 21-ви до 23-ти мај, првпат по пандемијата во 2018 година, корејскиот производител ги собра 42-та победници во националните натпревари од 40 држави од цел свет.

Купот првпат беше одржан во 2002 година, со цел да ги одликува најдобрите сервисери во светски рамки и воедно да посочи на сервисните капацитети со коишто располага Киа.

Финалистите прво учествуваа на теоретски, а потоа и практични испити, со задача да се утврдат и отстранат дефектите во погонската спрега, подвозјето и во електриката. Најдобрите 12 техничари освоија златни, сребрени и бронзени медали, како и пофалници, пехари, парични награди.

Победник годинава е Санџит Кумар Гангамаки Шантакумар од Индија, со освоени 63 бодови. Сребрени медали освоија Семјуел Роберт Николс од Австралија и Диего Алонзо Манрике Ортиз од Колумбија. Бронза им припадна на Гуо Жу Пинг од Кина, Крис Абилдгард од Данска и Мајкл Хејманс од Белгија.

Финалистите ја посетија палатата Кенбоккун и Инсадонг, како обележја на традиционалните убавини на Кореја, и секако, центарот посветен на марката, Киа360.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Фолксваген вели спасот на ЕУ од кинескиот увоз е во пониски трошоци, а не царини

Германија ги врати попустите како во 2019, пазарот осум проценти во плус