Во Москва се објавени победниците во изборот за “2021 Russian Car of the Year”. Станува збор за награда што се вбројува меѓу најценетите во сферата на автомобилизмот. За победниците решаваа онлајн-гласовите на руската публика.
Неодамна стартувана со продажба на рускиот пазар, кросовер-ванот Kia Carnival победи во категоријата минивани, додека уште два престижни модели, Kia Sorento и Kia K5, ја понесоа победата во категориите на „СУВ од средна класа“ и „бизнис класа“. Втора година во низа, Kia Seltos победи во категоријата на СУВ-модели во компакт класата. Градскиот автомобил со карактер на голем автомобил Kia Picanto, шести пат во низа победи меѓу градските автомобили. Првпат во историјата на марката во Русија, Kia е одликувана со титулата на „Најомилен марка во масовниот сегмент“.
„Руските возачи поставуваат многу построги барања при изборот на автомобил, во споредба со останатите пазари, поради лошите патишта, климатските услови и очекувањата на возачите дека автомобилот ќе биде сигурен придружник во секоја пригода“, објаснува Александер Мигал, извршен директор на Kia Russia & CIS. „Овој успех ни значи дека автомобилите на Kia ќе ги исполнат сите барања и ќе обезбедат одлична сервисна поддршка за милиони корисници во Русија.“
Kia седум години во низа е најпродавана странска марка во Русија, со надминување на бројката од 200.000 продадени автомобили три години по ред
Корејската марка неодамна одбележа два милиони автомобили продадени на рускиот пазар од основањето на локалната канцеларија за дистрибуција во 2009 година. Kia Carnival и K5 не се нудат на западноевропскиот пазар, но затоа е тука новата генерација на СУВ-моделот Sorento. Со повисока спецификација од претходната генерација и со мирис на премиум автомобил, големиот СУВ веќе се продава и на македонскиот пазар.

Sorento во април годинава имаше историски рекордна продажба за моделот на рускиот пазар, со што се потврди титулата освоена во изборот на автомобил на годината. Моделот од четвртата генерација досега освои бројни меѓународни награди, меѓу кои наградите за дизајн Red Dot и iF Design, но доби и „Златен волан“, како и одликување за „Best Women’s Car of the Year“.
Kia K5 е трет најпродаван модел на марката во Русија, додека Seltos се покажа мошне успешен на сите пазари на коишто се продава, што му донесе место на втор најпродаван модел на Kia во глобални рамки.
Изборот за руски автомобил на годината е најголем избор од ваков вид во земјата. Повеќе од 1,5 милиони лица гласаа во периодот меѓу 1-ви февруари и 1-ви јуни годинава. Русите гласаа за својот фаворит во 23 категории. Независната истражувачка организација Ипсос ја потврдува точноста на податоците.
>>> Борба во сопствените редови, Kia го победува Hyundai во Европа

















