Продажбата на Kia во Холандија уште претходно го привлече вниманието на автомобилската сцена, со резултатите во 2020 и 2021 година. Kia растеше, додека целиот пазар во земјата беше во пад, поради пандемијата и сите можни кризи. Лани се случи една не толку мала сензација за марката. Додека во 2021 година, таа беше „само“ втора, Kia ја заврши 2022 година како најпродавана автомобилска марка во Холандија.
Kia лани продаваше одлично во Холандија, како на приватниот пазар, така и на пазарот на службени возила. Покрај познатите бестселери Picanto и Niro, најпродавани модели во земјата во 2020 и 2021 година, висока популарност лани уживаа и сите моделски изведби од семејството на Ceed, а секако и новиот Sportage.
Според менаџерите на марката, успехот се должи во голема мера на брзиот раст на понудата од модели со чисто електричен погон. Kia EV6, носителка на титулата на Автомобил на 2022 година во Европа, беше важен столб за растот на продажбата на Kia на холандскиот пазар. Покрај автомобили, Kia на купувачите им нуди и најразлични услуги, вклучувајќи полнење на електричните автомобили.
Новата стратегија на Kia, којашто предвидува брза електрификација на понудата од модели, како и понуда на најразлични услуги, овозможи Kia од година в година да поставува нови рекорди.
Највпечатливите бројки на Kia на холандскиот пазар во 2022 година:
- Kia продаде 30.036 автомобили во Холандија, што одговара на пазарен удел од 9,6%, со голема предност пред втората најпродавана марка
- Водечката петорка на холандскиот пазар, ја комплетираат Volkswagen со продадени 25.993 возила, Toyota (25.362), Peugeot (21.242) и BMW со 17.138 автомобили.
- Со удел од 9,2 проценти, Kia е најпродавана марка и на пазарот на електрични автомобили во Холандија
61% од продадените модели на Kia лани се електрифицирани:
- 61% (MHEV / HEV / PHEV / EV)
- 47% (HEV / PHEV / EV)
- 22% од вкупната продажба отпаѓа на чисто електрични модели (EV)
Од вкупно 6.730 продадени автомобили со целосно електричен погон во 2022:
- 51% се од моделот Niro EV
- 46% се од моделот an EV6
- 3% се од моделот e-Soul
Со вкупно 22.894 автомобили, Kia е најпродавана марка и на пазарот на службени возила.
Kia води и во сегментот на возила под лизинг за приватни лица, со 6.782 регистирани возила.
Picanto и натаму е далеку најпродаван модел во A-сегментот
Од бестселерот Niro, во 2022 година:
52% се од претходната генерација, а останатите 48% се од новиот модел
47% од вкупната продажба на Niro се целосно електрилчни модели (HEV 46%, PHEV 7%)
Ceed е најпродаван модел во Ц-сегментот:
Сите моделски изведби на Ceed заедно учествуваат со 15 проценти во продажбата на автомобили од компакт класата
71% од продадените Ceed се во комби изведбата Ceed SW (16% се ProCeed и 13% се Ceed со 5 врати)
Sportage, благодарение на варијантите со електрифициран погон, и натаму ужива висока популарност во земјата што ги обожува СУВ-автомобилите. Хибридните варијанти учествуваат со 65%, на приклучните хибридни изведби отпаѓаат 20 проценти, останатите 15 проценти се без електромотор во погонот.
Холандија буквално лудува по електричниот кросовер EV6. За изведбата со најголемата батерија (77,4 kWh) се решиле 84% од купувачите на моделот. Најпродавана верзија е богато опремената Plus (45%), а уште полуксузната изведба GT-Line учествува со 27 проценти.