за

Kia службено возило на филмскиот фестивал во Таормина

Во светски прочуеното гратче Таормина, на италијанскиот остров Сицилија, петнаесетти пат се одржуваше филмскиот фестивал Nations Award. Kia се погрижи за возниот парк од електрични возила.

Фестивалот во Таормина е престижна бина во светот на филмот, на којашто се наградуваат најдобрите домашни и странски филмски достигнувања. Посебноста на Nations Award е силниот нагласок што се става на животната средина. Затоа и Kia, како официјален автомобилски партнер на фестивалот, обезбеди чисто електрични и приклучни хибридни возила.

Возила на Kia со електрифицирана погонска спрега го придружуваа светот на филмот за време на фестивалот во Таормина, светски позната локација на италијанскиот остров Сицилија. Возниот парк на 15-то издание на фестивалот Nations Award, што се одржуваше на крајот на јули, го сочинуваа Kia eSoul, Niro и Sorento.

Фестивалот се одржува под покровителство на Европскиот Парламент и на регионот Сицилија и вообичаено ги прославува најдобрите филмови од Италија и од светот. Посебно обележје на фестивалот отсекогаш била заштитата и сочувувањето на животната средина. Годинава исто беше посветено многу простор за сите теми поврзани со животната средина, почнувајќи од климатската катастрофа, преку загаденоста на животната средина и правилното постапување со отпадот, до одржливи туризам, клима и храна.

За возниот парк на Kia, како официјален автомобилски партнер, да биде во согласност со еко-карактерот на фестивалот, соодветно беа обезбедени примероци од големиот СУВ-модел Sorento со приклучен хибриден и чисто хибриден погон, потоа од кросоверот Niro во целосно електрична и приклучна хибридна варијанта, како и од комплетно електричниот eSoul.

Присуството на Kia на престижниот фестивал во Таормина е од посебно значење за глобалниот имиџ на корејската марка, којашто засилено се движи кон комплетна електрификација на својата понуда од модели и обезбедување нови услуги за мобилност.

На фестивалот во Таормина обично присуствуваат голем број светски ѕвезди. Меѓу најзвучните имиња годинава беа фудбалерот Роналдињо, актерките Диана Дел Буфало и Каролина Крешентино, како и ѕвездите од интернационалните телевизиски серии Меги Сивантос и Марио Де Ла Роса.

 

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тест · Opel Corsa 1.2 DI Turbo GS Line

Audi RS 3 е најбрз компакт на Нирбургринг