за

Електричниот знаменосец на Киа со две победи во Светски автомобил на 2024 година

Две награди за Киа стилски и технолошки напредната ЕВ9 во изборот за најдобар автомобил во светот за 2024 година.

Киа ЕВ9 ја понесе главната титула за Светски автомобил на 2024 година и воедно победи во категоријата за најдобар електричен автомобил во светот.

Вкупно пет светски титули за Киа ЕВ9 откако електричниот СУВ со седум седишта и 800-волтна батерија почна со продажба во 2020 година. Победата во изборот за најдобар автомобил во светот за 2024 година за престижниот модел беше објавена на свеченост на салонот за автомобили во Њујорк. ЕВ9 е најдобар автомобил воопшто и најдобар електричен автомобил во светот за 2024 година.

Жирито на еден од ретките избори што ја засегаат автомобилската сцена е составено од 100 ценети автомобилски новинари од 29 држави. Експертите беа убедени најмногу од свежиот дизајн, просторната кабина со седум седишта и конкурентната цена. Електричниот СУВ е конструиран врз платформата Е-ГМП и прв модел е на Киа што користи батерии од четврта генерација.

Изборот се одржува од 2003 година и покрај германскиот Златен Волан и Автомобил на годината во Европа е еден од ретките настани од ваков вид на којшто сцената му посветува внимание.

Пред изборот за 2024 година, Киа веќе има освоено три наслови на светски автомобил на годината – Телурајд како главен носител на титулата за 2020 година, заедно со Киа Соул, како најдобар градски автомобил, а потоа и Киа ЕВ6 ГТ како најдобар автомобил со високи перформанси лани.

Големиот елеткричен СУВ има освоено злато во изборот за Златен Волан, во категоријата на семејни автомобили, победи како СУВ на годината во Северна Америка и беше прогласен за најдобар премиум СУВ од Њусвик.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

По 2028 година само на струја: Кои се новите модели на Опел

Кинези први со електричен автомобил со батерија со цврст електролит