Најсилниот СУВ на Киа е електричен и спринтува под пет секунди до темпо сто

Најголемиот СУВ на Киа се двои во сите подрачја, од дизајнот, преку напредната технологија, што меѓу другото ја полни батеријата за 24 минути, до кабината што е уредена како салон, а сега и со улогата на спортски автомобил во понудата на марката. Киа почнува со продажба на ЕВ9 ГТ на европскиот пазар.

Целосно електричниот СУВ со седум седишта, што досега го привлекуваше вниманието на семејствата што имаат потреба од многу простор, сега стана и спортски автомобил на Киа. ЕВ9 ГТ располага со по еден електромотор напред и назад, со вкупно 508 КС, и спринтува до темпо сто за 4,6 секунди.

Тоа е најсилниот СУВ во историјата на Киа и се препознава по дизајнерските обележја што се својствени за ГТ-моделите на марката. Во Киа ЕВ9 ГТ се користат и бројни технологии што се блиски до мотоспортот. Тоа што спортскиот модел го наследува од стандардниот ЕВ9 се големиот досег, ефикасноста и многустраноста.

Досегот изнесува до 450 километри, а благодарејќи на 800-волтната архитектура, при соодветно брз полнач, батеријата се полни до 80% за само 24 минути.

За спортски карактер во возењето се грижат и електронската контрола на амортизерите, што обезбедува во исто време и комфор и динамични својни својства.

Првпат во модел на Киа, овој систем со електронски контролирани амортизери работи во ЕВ9 ГТ во комбинација со „систем за снимање на патот“. Со помош на врвни сензори и со предна камера се анализира состојбата на патот пред возилото, при што се препознава кога има ударна дупка во асфалтот и амортизерите соодветно се подготвуваат да реагираат на тоа.

Марк Хердик, претседател и извршен директор на Киа Европа, вели дека „ЕВ9 ГТ нуди висок фактор на задоволство во возењето со комфор и уживање за секој во возилото, во исто време задржувајќи ја многустраноста, за сé да може да се понесе со себе.“

Меѓу посебностите во изгледот спаѓаат впечатливата графика на работата на светлата, тркалата од 21 инчи и огромните сопирачки клешти напред во светло зелена боја, со натпис ГТ.

Во внатрешноста исто така се повторува светло зелената боја за ставање акцент, а секако и воланот е спортски, заедно со спортски седишта во сино-црна боја, со изглед на кожа комбинирана со велур.

Возачот може преку копче на воланот да избере дали Киа ЕВ9 ГТ да вози спортски, штедливо или по свој вкус. Постои и можност да се избере програма за возење на снег и други вонредни состојби на подлогата. Врв е копчето ГТ, нормално во светло зелена боја, со специјален спортски режим. ГТ располага и со електронска блокада на задниот диференцијал.

Киа до 2026 година ќе има во својата понуда дури 11 целосно електрични модели, за една година подоцна, бројноста да порасне на 15 модели. Планот на Киа е по 2035 година, понудата да се состои исклучиво од електрични модели.

Видео од отворањето на новиот центар на Киа во Скопје

Претходна објаваОпел го пречека новиот Грандленд во салон полн со мимози
Следна објаваРено и Гили во преговори за посилно присуство на пазарот во Бразил

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here