за

Kia EV6 GT при сопирање произведува 320 киловати

Големите тркачи го почитуваат правилото дека правилно сопирање на трка е поважно од силно притискање врз гасот. Кај електричната Kia EV6 GT, сопирачките се прилично несекојдневни.

Kia EV6 во врвната изведба GT е најсилниот електричен автомобил во понудата на корејската марка. Главниот инженер на Kia за тестирање на сопирачките и воедно конструктор на системот што се вградува во EV6 GT, Кјунг-хо Јун, открива важни детали за начинот на работа на сопирачките на брзата Kia.

Најмалку е тајна дека електромоторот кај електричните автомобили при сопирање се „претвора“ во генератор и ја користи енергијата на залетот, за да ја поднаполни батеријата. За ориентација, се зема податок дека возилото при спуштање по надолнина врши повраток на околу 60 проценти од енергијата што ја има потрошено за да се искачи по истата. Тоа зависи од многу фактори, меѓу другото и од степенот на нагорнината, но е неоспорно дека овој талент на е-автомобилите одушевува.

Инженерите на Kia сакаа да постигнат нешто повеќе со системот за сопирање во својот електро-тркач, во изведбата GT од кросоверот EV6 – моделот, патем, од летово е во редовна салонска постава на македонската Kia. Таму работи првиот и единствен систем што врши варијабилна распределба на регенеративното сопирање меѓу предните и задните тркала, со цел сопирањето да се унапреди во сите подрачја. Системот RBM (Regenerative Braking Maximization) е развиен и се вградува единствено во EV6 GT.

Најбрзата и најсилна Kia на сите времиња, воедно и носителка на насловот на најдобар автомобил со високи перформанси во светот за 2023 година, располага со сопирачки што ќе бидат стандард во идните генерации модели.

Четирите сопирачки дискови се состојат од комбинација од железен лив (површината врз којашто налегнуваат сопирачките плочки) и лесна и топлоспроводлива алуминиумска легура во средишниот дел. Пречникот од 380 милиметри, што одговара на тркала од 15 инчи, веќе е доволно импресивен податок, исто како и фактот што во сопирачките клешти работат по четири клипови

Целата идеја со RBM е да се контролира сопирачкото дејство на електромоторот/генераторот, заради постигнување максимален повраток на енергијата при сопирање и постигнување варијабилна распределба на регенеративното сопирање на предните и задните тркала.

Уште една придобивка од посебниот начин на работа на сопирачките е прецизното и природно дозирање на силата на сопирање преку педалата.

Кјунг-хо Јун, главен инженер за сопирачки во Kia, кажува: „Посебно ни беше важно, силата на сопирање да не попушта дури ни во најтешките услови на возење. EV6 GT е електричен автомобил со високи перформанси, со концепт на гран-туринг.“

Корејскиот експерт и конструктор на RBM, објаснува: „Системот RBM кај EV6 GT е прв и единствен систм во светот, којшто при силно сопирање пренесува голем дел од регенеративниот момент на сопирање кон предната и задната оска. Овој систем овозможува варијабилна распределба на регенеративниот момент на соипирање меѓу предната и задната оска, којашто се движи од вообичаениот вообичаениот сооднос 50:50, до максимум 70:30. Варијабилната контрола овозможува постбаилно сопирање.“

Системот се раководи според низа големини, почнувајќи од конфигурацијата на патот по којшто се вози, до аголот на завртување на тркалата. Работата зависи и од наполнетоста на батеријата, како и од поребниот степен на повраток на енергија.

Возачот го чувствува регенеративното сопирање само кога ќе ја отпушти педалата за возење. Хидрауличниот и регенеративниот систем за сопирање се надополнуваат совршено, без притоа возачот да биде свесен колку нешта во моментот се одвиваат во сопирачките.

Кога се вози во режим GT, RBM може целосно да ја замени хидрауличната сопирачка, односно возилото ќе забави само со тоа што возачот ќе го отпушти педалот за возење. Системот на Kia во тој случај ја распределува силата на соп

На тестовите на тркачките патеки во Јонгам, Инје и Таеан во Кореја, како и на неизоставниот Нирбургринг, дејството на сопирачките не попуштило ниту по пет кругови. RBM помага и температурата на дисковите да се одржува пониска. При тестирањата, дисковите без овој систем се загреаја до максимални 640°C, додека со системот RBM, температурата достигна најмногу 475°C.

За отпорноста на прегравање на сопирачките сведочи следниот тест: „Повеќе од десетпати тестиравме сопирање од 215 km/h на 70 km/h, без притоа да затаи системот за сопирање,“ објаснува Јун. Кај обичните возила со хидраиличен систем за сопирање, во такви услови значително слабее силата на сопирање.

При силно забавување со -0,6 G, повратокот на енергија достигнува 320 kW. Тоа помага батеријата на кросоверот повеќе да се полни во текот на самото возење.

За електричниот погон на Kia EV6 GT е посебно важно тоа што со системот RBM се врши повраток на повеќе енергија, а со тоа и батеријата се полни повеќе. Разликата меѓу возило без и со систем RBM е 0,7% наспроти 40,5%. Јун понатаму објаснува дека повратокот на енергијата при сопирање кај EV6 GT е за 50 % повисок отколку кај возилата со обичен систем.

Технички податоци, цени за Kia EV6 на македонскиот пазар, во нашиот онлајн каталог со сите нови автомобили на македонскиот пазар, АВТОСАЛОН.МК

Kia EV6 4WD GT-line

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Министрите на ЕУ одобрија нормата Еуро 7 да не биде толку строга

Французите ќе можат да најмат електричен автомобил за 100 евра месечно