за

Kia со 576 КС, чисто на струја

Не само поради високиот напон во батеријата, туку и поради способноста на нејзиниот електричен погон, Kia EV6 GT деновиве го шокира автомобилскиот свет.

Меѓу големите премиери на Автомобилската недела во Монтереј, Калифорнија, секако дека е забележано појавувањето на Kia EV6 GT, најсилната и најпретставителна изведба на електричниот кросовер на марката. Не постои друг модел на Kia што забрзува подобро од овој: 3,6 секунди до темпо сто.

Соперниците со коишто оваа Kia ја одмерува силата се суперавтомобили од ковот на Ferrari Roma или Lamborghini Huracan Evo. Всушност, Kia EV6 GT ги победи токму овие автомобили на трката во забрзување, на независниот тест на AMCI.

Најсилната Kia во историјата е создадена за да постигнува спектакли: Напред работи електромотор од 160 kW (218 КС), задните тркала ги движи електромотор со 270 kW (367 КС), погонската електроника нуди „дрифт-мод“, предните сопирачки дискови имаат пречник од 15 инчи, задните 14,2 инчи – заедно со 4-клипни сопирачки клешти. Подвозјето е скрутено, управувањето има подиректен преносен однос, амортизацијата се контролира електорнски, а како круна на возната динамика следи електронски контролиран диференцијал со блокада.

Kia EV6 GT претходно ги привлече вниманието на светската сцена со појавувањето на важниот Фестивал на брзината во Гудвуд, Англија. Моделот сега првпат се појавува пред публиката во Северна Америка, на најпрестижниот автомобилски настан од таа страна на големата бара, на „The Quail“.

Батеријата од 77,4 kWh ги снабдува со енергијата двата електромотори, коишто можат да испорачаат максимално 576 КС и вртежен момент од 740 Nm. Највисоката брзина е ограничена на 259 km/h. Најбрзата Kia вози со гуми Goodyear Eagle F1, на тркала од 21 инч.

Покрај вообичаените режими за возење Eco, Normal, Sport и Snow во досегашните изведби на електричниот кросовер, во EV6 GT дополнително може да се изберат GT Drive Mode, My Drive Mode и Drift Mode. Со притискање копче на воланот, во GT Drive Mode се влијае врз електромоторите, сопирачките, управувањето, e-LSD и контролата на стабилноста. Нормално, во Drift Mode се дозволува поголема моќност на задната оска. Посебно за GT се компонирани и звуци што го придружуваат инаку нечујниот електричен погон.

Посебноста на целата гама на Kia EV6 е во брзото полнење, благодарение на 800-волтната мрежа на возилото. Батериајта е полни од 10 до 80 проценти на брз полнач со 350 kW за само 18 минути.

Уште еден податок што е мошне уверлив за овој автомобил е тоа што каросеријата во 75 проценти е изработена од челик со висока и ултрависока цврстина. Целта од користењето на овие видови челик, повеќе е во можноста клучните структурни елеементи да бидат потенки, а со тоа и полесни.

Гамата на EV6 е дел од стратегијата Plan S, со којашто Kia цели до 2027 година да има целосна понуда од 14 чисто електрични модели. Секоја година ќе се лансираат најмалку по два „батериски“ модели.

Продажбата на моделот во САД ќе стартува во последното тромесечје. Сопствениците ќе добијат кредит за користење 1.000 kWh на полначите на Electrify America, во период до три години.

Kia EV6 победи во изборот за автомобил на 2022 година

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што има Brabus за тјунирање во електричен Mercedes EQS

Како европските шампиони ја поттикнуваат продажбата на електрични автомобили